Од Соединетите Држави доаѓа вест во која се вели дека групата Jaguar Land Rover побарала од Меѓународната трговска комисија да забрани увоз и продажба на тој пазар на теренски возила со ознаките на Volkswagen, Audi, Porsche и Lamborghini

Поконкретно, британскиот производител на возила, кој работи под водство на индискиот конгломерат Tata, вели дека возилата Volkswagen Tiguan, Audi A6 Allroad, Q5, Q7, Q8 и E-Tron, Porsche Cayenne и Lamborghini Urus, имаат систем што го детектира и анализира видот на површината по која се движи возилото, со цел заклучоците до кои дошле сензорите, да се користат за прилагодување на системот за суспензија, со цел да се постигне максимален ефект во остварувањето на намерата на возачот, со најдобра можна удобност за патниците.

Британскиот производител предметниот систем го нарекува Terrain Response и тој е дел од темелте врз кој почива имиџот на производителот од островот. Jaguar Land Rover тврди дека развил таков софтвер за своите модели Jaguar F-Pace и Land Rover Discovery, за подоцна да биде нелегално копиран и понуден во возилата од германскиот гигант.

Во официјален разговор со медиумите, адвокатот на британската компанија Метју Мур вели дека Jaguar Land Rover го заштитил патентот за Terrain Response и дека никој друг не смее да го користи без дозвола на сопственикот на интелектуалната сопственост и договорениот финансиски надомест. Како што, наводно, направила групата Volkswagen, па затоа нејзините возила не треба да бидат легални артикли во излозите на продажните места во САД.

Не е познато дали компанијата од Велика Британија планира да покрене тужба и на други континенти. И покрај тоа што Меѓународната трговска комисија не може да ги принуди „виновниците“ да плаќаат финансиски надомест, таа сепак има моќ да забрани продажба на одредени производи, доколку заклучи дека патентот е загрозен. За жал на Jaguar Land Rover, истрагата на Комисијата во просек трае од 15 до 18 месеци пред да се донесе конечна одлука, по што поразената страна секако може да се жали.

Како и да е, групацијата Volkswagen честопати се наоѓаше на обвинителна клупа оваа деценија, претежно поради контроверзните дизели, па друга тужба сигурно нема да ги закопа. Но, во денешно време, кога кросоверите и џиповите доминираат меѓу купувачите, особено на американскиот пазар, загубата на таков спор сигурно не е во корист на „џебот“ на компанијата.

Иако, знаејќи го менталитетот на групацијата Volkswagen, тешко е да се поверува дека таквиот неморал ќе им избега (горчливи насмевки)… Па, општо е познато кој краде во глобалната автомобилска индустрија, жал, ја присвојува интелектуалната сопственост.