Многу возачи остануваат лојални на една марка, особено во тешки времиња како овие

Токму тоа го покажува најновата студија на J.D. Power, која се занимава со сопственоста на автомобили и лојалност кон брендовите. J.D. Power’s 2022 U.S. Automotive Brand Loyalty Study го опфаќа американскиот пазар, а резултатите многу веројатно кореспондираат и со Европа.

Имено, поголемиот дел од сопствениците на автомобили кога купуваат нов автомобил остануваат лојални на истата марка, покажува најновото издание на студијата која го следи купувањето на нови автомобили во пет различни сегменти.

Во конкуренција на автомобили, Porsche има најлојални клиенти со 57,4 отсто од сопствениците кои повторно купиле Porsche при промена на автомобилот. Веднаш зад нив се сопствениците на Genesis. Очигледно е дека младиот корејски бренд веќе има многу верни обожаватели. Разбирливо, исто како и во премиум SUV сегментот, каде што BMW ima уште подобар резултат, 58,6 проценти и се позиционира пред Lexus.

За некои можеби е изненадување кога станува збор за поевтините автомобили, а да не зборуваме за конфекциските брендови. Овде Toyota е апсолутен владетел, во гамата на автомобили и теренци со дури 62,2 и 62,3%. Очекувано, број 1 во сегментот на пикапи е Ford со 63,8 отсто од лојалните сопственици на брендот.