Suzuki е најпрофитабилен производител на автомобили во светот

И додека Ferrari и Porsche заработуваат најмногу од секој продаден автомобил, BMW веќе долго време беше зацементиран на тронот како најпрофитабилен производител на автомобили во светот. До сега. Баварскиот производител е поразен од производителот на евтини автомобилски минијатури и се посимпатични теренци.

Се разбира, станува збор за Suzuki, кој во моментов е најпрофитабилен автомобилски бренд според пишувањето на одредени германски медиуми. Така германскиот Handelsblatt Global известува, повикувајќи се на консултантската компанија Ernst & Young дека Suzuki го победил баварскиот гигант.

Според нивната објава, BMW бил најпрофитабилен во првата половина од 2018 година, но по Dieselgate ударот во Германија и трговските напади на Трамп, нивото на профит паѓа. Преведено, ова значи дека вториот квартал од оваа година Suzuki го заврши со профитна маргина од 11,8% наспроти BMW со 11,4%. Доволно за мала, но многу слатка победа. Токму како што се Jimny и остатокот од тимот, мали и многу симпатични производи со голем потенцијал.