По тизерот објавен кон крајот на јуни, Renault објави дека новиот компактен кросовер ќе биде именуван како Arkana

Додека оригиналниот тизер даде увид во анфасот на возилото, новиот открива добар дел од задниот дел, со интегриран спојлер и сигналните светла, кои се по целата ширина на возилото, решение присутно кај Megane и Talisman.

Како што е случајот со двата споменати модели, ознаката Arkana ќе биде позиционирана во средината на задниот дел, веднаш зад познатото Renault лого во форма на стилизиран дијамант.

За сега, нема многу детали, но се верува дека новиот модел ќе се базира на моделот Каптур за рускиот пазар. За разлика од Kaptur, новиот SUV ќе биде глобален модел.

Името на новитетот потекнува од латинскиот arcanum што значи тајна.

Oфицијалната премиера ќе се случи за една недела, на Московскиот саем за автомобили. Новиот SUV купе ќе се произведува во Русија, првично за локалниот пазар, а потоа и за останатите пазари.