Грешка на Фетел за лесна победа на Хамилтон во Франција
Првата трка во Франција по десет години не донесе голема возбуда по карамболот на стартот од трката кој го предизвика Себастијан Фетел
На самиот старт од трката односно првата кривина, се случи контакт помеѓу Фетел и Ботас. Возачот на Ferrari имаше одличен старт, но возачите на Mercedes со одлична тимска соработка не му дозволија на Фетел да го надополни изгубеното од саботните квалификации.
Во првата кривина, Германецот касно сопира и удира во задниот дел од болидот на Ботас. Судирот предизвика вистински хаос на патеката поради што многу возачи мораа да ја сечат кривината за да избегнат судир.
Само што сите помислија дека се ќе продолжи нормално, Гасли губи контролата над својот Toro Rosso и удира во својот сонародник од Force India. Овој инцидент, како и остатоците од болидите на патеката по несреќата на Ботас и Фетел, беа доволна причина за излегување на возилото за безбедност. Ова во тој момент се покажа добро за Фетел и Ботас, бидејќи можеа да застанат во боксовите на сервис, додека сите други на патеката се движеа многу побавно.
Сепак, откако трката продолжи, единственото нешто што беше интересно за гледање беше пробивањето на Фетел и Ботас во поредокот. Германецот беше многу поагресивен од Финецот и многу побрзо се справи со своите ривали. Mercedes бавниот напредок на Финецот го оправда со наводно оштетување на подот на неговиот болид.
Во рок од десет круга, Фетел успеа да ги помине сите возачи и да стигне до петтата позиција, реално и максималната до која можеше да стигне. Проблем за Фетел беше и казната од плус пет секунди што ја доби поради инцидентот на стартот од трката.
За трката сепак да не биде во целост оквалификувана како здодевна, се погрижи Кими Раиконен, кој на помалку од десет круга пред крајот, успеа да го помине Рикијардо и да си обезбеди место на подиумот. Крајот на трката го обележи виртуелното безбедносно возило.
Така Хамилтон без никакви големи проблеми стигна до 65. победа во својата кариера. Втор трката ја заврши Макс Ферастапен од Red Bull пред Раиконен, Рикардо и Фетел.
Магнусен извозе одлична трка и на својот тим Haas му донесе големи осум бода. Ботас успеа да стигне само до седмото место пред Саинц кој и покрај откажувањето на дел од агрегатот, успеа да стигне до крајот на трката (најмногу благодарение на виртуелното возило за безбедност). Останатите двајца кои влегоа во бодови беа Хулкенберг како 9-ти и одличниот Леклерк на 10-то место.
Без бодови останаа Грожан, Вандорн, Ериксон, Хартли, Сироткин, а трката не ја заврши Алонсо кој имаше понижувачки викенд само една недела по победата во Ле Ман. Во еден момент, Шпанецот на своето радио коментираше дека неговите сопирачки не работат и гумите биле уништени, очигледно фрустриран со неговиот тим. Строл е уште еден возач кој не ја заврши трката, како и Перез, Окон и Гасли.
“Mate, I have no brakes, no tyres. We are out of the points”#FrenchGP #F1 pic.twitter.com/34YBRYS3zf
— Formula 1 (@F1) June 24, 2018
2018 French Grand Prix: Race Highlights
2018 French Grand Prix: Резултати
2018 Fоrmula 1: Генерален пласман (ВОЗАЧИ)
Изјавија по трката:
Луис Хамилтон
“There’s nothing better than a happy driver and a happy car”@LewisHamilton reflects on win No. 3 of the season#FrenchGP ?? #F1 pic.twitter.com/VNzRbdqSgi
— Formula 1 (@F1) June 24, 2018
Себастијан Фетел
“I was a bit squeezed and couldn’t really go anywhere”
Seb gives his take on that frantic opening to the race#FrenchGP ?? #F1 pic.twitter.com/aUf7QoGxlX
— Formula 1 (@F1) June 24, 2018
Следната трка се вози на 1-ви јули за ГН на Австрија.