Volkswagen со најавата на кабриолет верзија на својот кросовер модел Т-Roc за 2020 година предизвика огромно изненадување кај сите, проследено со многу критики

Сепак и покрај тоа што во компанијата се свесни дека со овој модел нема да доминираат на пазарот, не се откажуваат од своите намери.

Во тој контекст е и изјавата на директорот за продажба, Јурген Штекман, кој вели дека T-Roc Cabriolet е бесмислен проект, но дека сигурно ќе се реализира.

„Ова е автомобил кој сите ние сакавме да го реализираме. Нема огромен пазар за овој тип на возила односно популарноста е присутна само во неколку земји, но страсно сакаме да го направиме“, додава Штекман.

Volkswagen има инвестирано 80 милиони евра во фабриката во Оснабрик, каде што во моментов се склопуваат VW Tiguan и Porsche Cayman, со цел да се создадат услови за производство и на Т-Roc Cabriо.

Во моментот кога ќе започне производството на овој модел, а тоа е втората половина на 2020 година, сегашната верзија со цврст покрив ќе биде стара три години. Затоа не би било никакво изненадување во меѓувреме Volkswagen и да го освежи овој модел.