Голем тест! На автопат провериле 36 електрични автомобили. Досегот опаѓа за повеќе од 50 проценти
Еден од главните аргументи на противниците на електричните автомобили е дека автономијата со едно полнење е прекратка. Затоа новинарите на германскиот магазин „Auto Bild“ спровеле тест на 36 од најпопуларните модели со цел да го проверат вистинскиот опсег при возење на автопат. Резултатите се изненадувачки
Предноста на електричните автомобили е помалата потрошувачка на енергија при градско возење. Рекорден опсег може да се постигне со движење без голем отпор на воздухот и со користење на мала моќност. Меѓутоа, како што се зголемува брзината, потрошувачката на електрична енергија значително се зголемува. Главната причина е зголемениот отпор на воздухот.
Затоа електричните автомобили добро се снаоѓаат во градски услови, но возењето по автопат значително го намалува нивниот опсег.
Во секој примерок, новинарите на Auto Bild ја мереле вистинската потрошувачка на енергија при брзина од 130 km/h. Споредувањето на овие податоци со капацитетот на погонските батерии дава одговори на прашањата за реалниот опсег на возилото додека се вози на автопат.
Бројките за опсегот дадени од производителите при мерењата во циклусот WLTP немаат никаква врска со потрошувачката на енергија при возење со просечна брзина од 130 km/h. Во таква ситуација досегот на возилото се намалува за неколку десетици проценти. Овој проблем влијае на секој производител и варира во зависност од типот на возилото. Клучното прашање е софтверот за управување со отпорот на воздухот и енергијата.
Резултатите од германскиот тест се изненадувачки. Во рангирањето на првото место е Genesis Electrified G80. Јапонскиот седан дава автономија од 427 km при брзина од 130 km/h, односно 17,8 проценти помалку од резултатот добиен при мерењето по WLTP (520 km). На второто место е Mercedes EQV 300 кој поминал 273 километри со полна батерија, а според официјалните податоци треба да помине 349 километри. Во овој случај загубата е 21,8 отсто.
На третото место е Renault Zoe E-Tech EV50. Со брзина од 130 km/h, францускиот хечбек нуди 292 km наместо официјалните 377 km. Ова е пад од 22,6 отсто. Opel Zafira e-Life M е четврта, со пад од 24,2 отсто во опсегот или од 330 km на 250 km. Првата петорка ја затвора Audi RS e-tron GT со полош резултат за 24,6 отсто. – од 487 km до 367 km.
Малку автомобили можат да се пофалат со пад на опсегот за помалку од 30 проценти. Листата ги вклучува Porsche Taycan Turbo S (28,2% намалување од 468 km на 336 кkm) и Genesis GV60 Dual Motor Sport Plus (29,2% намалување од 466 km на 330 km).
Популарниот Tesla Model 3 се претставил многу слабо.При возење со брзина од 130 km/h досегот паѓа за цели 39,70 проценти. Наместо 602 km, автомобилот нуди само 363 km вкупен досег. Моделот Y Long Range Dual Motor исто така бледне бидејќи е меѓу десетте модели што најмногу трошат енергија. Падот е 42,9 отсто од фабричките 533 km до реални 304 km.
Марка и модел / опсег по WLTP / ТЕСТ резултат / разлика
- Mercedes-Benz EQS 450+ 4Matic / 785 km-482 km / 38,60%
- BMW iX xDrive50 / 630 km / 434 km / 31,10%
- Genesis Electrified G80 / 520 km / 427 km / 17,90%
- Mercedes-Benz EQE 350+ / 660 km / 423 km / 35,90%
- Polestar 2 SM LR / 542 km / 374 km / 31,00%
- Audi RS e-tron GT / 487 km / 367 km / 24,60%
- Tesla Model 3 / 602 km / 363 km / 39,70%
- VW ID.5 Pro Performance / 520 km / 340 km / 34,60%
- Ford Mustang Mach-E GT / 610 km / 337 km / 44,80%
- Porsche Taycan Turbo S / 468 km / 336 km / 28,20%
- Hyundai Kona Electric / 484 km / 336 km / 30,60%
- VW ID.4 GTX / 480 km / 332 km / 30,80%
- Genesis GV60 Dual Motor Sport Plus / 466 km / 330 km / 29,20%
- VW ID.4 Pro 77 kWh RWD / 520 km / 328 km / 36,90%
- Audi Q4 e-tron 40 / 520 km / 326 km / 37,30%
- Skoda Enyaq iV80 / 510 km / 318 km / 37,60%
- Kia EV6 / 528 km / 305 km / 42,20%
- Tesla Model Y Dual Motor / 533 km / 304 km / 43,00%
- BMW i4 M50 / 510 km / 299 km / 41,40%
- Renault Zoe E-Tech EV50 / 377 km / 292 km / 22,50%
- Hyundai Ioniq 5 AWD 225 kW / 481 km / 290 km / 39,70%
- Kia e-Soul 64 kWh / 452 km / 280 km / 38,10%
- Mercedes-Benz EQV 300 / 349 km / 273 km / 21,80%
- Renault Megane E-Tech EV60 220 / 470 km / 268 km / 43,00%
- Hyundai Ioniq 5 160 kW / 507 km / 261 km / 48,50%
- Polestar 2 DM LR / 482 km / 258 km / 46,50%
- Opel Zafira e-Life M / 330 km / 250 km / 24,20%
- Volvo XC40 Recharge P6 / 425 km / 227 km / 46,60%
- Cupra Born 170 kW 77 kWh / 496 km / 226 km / 54,40%
- Mercedes-Benz EQA 250 426 km 222 km 47,90%
- VW ID.3 Pro 150 kW 58 kWh / 426 km / 216 km / 49,30%
- Mercedes EQB 350 4MATIC / 423 km / 200 km / 52,70%
- Opel Combo e-Life / 280 km / 171 km / 38,90%
- Peugeot e-Rifter / 280 km / 164 km / 41,40%
- Honda i / 222 km / 153 km / 31.10%
- Mazda MX-30 / 200 km / 140 km / 30,00%