Шарл Леклер во Ferrari e големиот победник на првата трка од новата сезона во Formula 1 шампионатот на патеката Сахир во Бахреин

Сензационален исход на Големата награда на Бахреин, првата сезонска трка во новата ера на Formula 1. Шарл Леклер победи, а Карлос Саинц Јуниор го освои второто место. Ова е прва еден-два победа за Ferrari по 2019 година кога Себастиан Фетел и Шарл Леклерк застанаа на највисоките места на подиумот во Сингапур, а трета гран-при победа за Монаќанецот во кариерата. Последното место на подиумот во Бахреин го зазеде Луис Хамилтон во Mercedes.

И додека во Ferrari имаа причина за големо славје, Red Bull доживеа вистински дебакл. И двајцата пилоти не успеаја да ја завршат трката. Прво откажа болидот на Ферстапен (на три круга пред крајот), единствениот кој успеа колку толку да му се спротивстави на Леклерк и во неколку наврати гледавме извонредни дуели на патеката, а потоа на самиот крај од трката (последниот круг) и болидот на Серхио Перез. Возачите на Red Bull се откажаа додека ги држеа второто и третото место во трката. 

Најдобар меѓу останатите беше Џорџ Расел во вториот Mercedes, пред возачот на Haas Кевин Магнусен, кој на американскиот тим му ги донесе првите бодови по 2020 година. Шести беше Валтери Ботас со Alfa Romeo, пред возачот на Alpine Естебан Окон и Јуки Кунода во болидот на Alfa Tauri. Најдобрите десет, а воедно и освојувачите на бодовите ги комплетираа двократниот светски шампион Фернандо Алонсо во Alpine и Гуанџу Џоу, првиот Кинез во Formula 1, на своето деби во болидот на Alfa Romeo.

Прв под линијата беше вториот возач на Haas, Мик Шумахер, кој го оствари најдобриот пласман во кариерата, а по него следеа Ленс Строл во Aston Martin, возачот на Williams, Александар Албон и дуото на McLaren, Даниел Рикардо и Ландо Норис, кои имаа трка за заборав. 

Formula 1 караванот сега се сели во Џеда, Саудиска Арабија каде ќе се вози веќе следниот викенд.

2022 Bahrain Grand Prix / Резултати:

2022 Bahrain Grand Prix / Race Highlights:

2022 Bahrain Grand Prix / Изјави по трката:

Чарлс Леклерк

„Јас сум многу среќен. Почнувам да ги повторувам работите, но последните две години беа доста тешки за нас. Знаев дека ова ќе биде одлична можност за тимот. Момците направија неверојатна работа со болидот. Благодарност до сите што останаа со нас во изминатите неколку години“.

Леклерк трпеше големи напади од Верстапен на средината од трката, но успеа да се одбрани.

„Се обидов да бидам максимално паметен, да го користам DRS-от и што покасно да кочам на првиот свиок за да ја вратам позицијата. Среќен сум што успеав во сето тоа. Не сакав безбедносно возило, но имав добар рестарт и успеав да ја успешно да ја завршам трката“.

Карлос Саинц

„Најпрво сакам да им честитам на Чарлс и Ferrari. Ferrari се врати на вистинскиот пат. Напорната работа сега се исплатеше. За мене ова беше тежок викенд, нема да лажам, немав темпо денеска. Морам да ја завршам домашната задача и да се вратам што е можно посилно“.

Шпанецот го коментираше дуелот со Верстапен на крајот од трката.

„Верстапен добро се бранеше. Во еден момент ги видов неговите задни светла како трепкаат и знаев дека имам шанса. За негова жал, се случи тоа што се случи. На крајот, тоа беше добро за Ferrari“.

Луис Хамилтон

„Трката беше многу тешка. Се мачевме од тренинзите и ова е најдобриот можен резултат за нас. Имавме среќа и поради се што им се случи на двајцата возачи пред нас, но дадовме се од себе и благодарен сум за овие бодови. Се надевам на подобрувања што е можно поскоро. Знам дека сите се зафатени во фабриката. Нема да ги свртиме работите така лесно, но мислам дека сме најдобрата група на луѓе на гридот и можеме да се вратиме назад. Шампионатот е долг и мораме да останеме смирени“, изјави Хамилтон по трката.

Макс Ферстапен

„Ова дефинитивно беше тешка трка. Го немав балансот кој го имав во петокот и беше тешко да се контролира болидот. Имав проблем со задниот дел и кога го поправив тоа беше многу подобро. Но, јас едноставно немав баланс. Мислам дека тоа второ место не беше толку лошо, но после сервисот имав проблеми со управувањето. Нормално, се одвива полека, но оттогаш стануваше сè потешко и потешко. Во еден момент, не можев да го исправам преуправувањето на болидот. Беше невозможно да се вози. На крајот, изгледаше како моторот да нема повеќе гориво. После тоа, се запре. Мислам дека беше до пумпата. Можеби е мал дефект, но поради такви работи може да се изгуби шампионатот, бидејќи тоа се многу скапи бодови“.

2022 Bahrain Grand Prix / Post-Race Show: