Валтери Ботас е победник на трката за Големата награда на Азербејџан возена на улиците на Баку!

Зад него беше трката ја заврши неговиот тимски колега Луис Хамилтон за само уште една потврда на доминацијата на Mercedes на почетокот од оваа сезона. Себастијан Фетел повторно, како и во Кина, на третото место.

По инцидентите во квалификациите, трката започна изненадувачки мирно. Првиот од квалификациите, Валтери Ботас, започна полошо од Хамилтон, но по само два свиоци тој повторно излезе пред Хамилтон, а потоа едноставно „одлета“ напред. Себастијан Фетел на стартот не успеа да направи ништо повеќе од третото место, а Леклерк веќе на стартот загуби две позиции. Перез го помина Верстапен, а Кубица, Гасли и Раиконен трката ја започнаа од боксовите.

Финецот многу брзо се одлепи од Хамилтон, исто како и Хамилтон од Фетел. Леклерк веќе до седмиот круг стигна до петтото место. Пред него беше Макс Верстапен.

Прв во боксот влезе Кими Раиконен, веќе во седмиот круг, а потоа и Кевин Магнусен и Антонио Џовинаци. Во 9-от круг, Леклерк успева да го помине Верстапен, кој е на меки гуми кое брзо се трошат.

Во 11-тиот круг во бокс влегуваат и Рикардо, Перез и Строл по што на патеката се враќаат со средни гуми. Во истиот круг, Леклерк го поминува и Фетел, кој веднаш оди во бокс.

Прв од возачите на Mercedes на промена на гуми влегува Ботас, во 12-тиот круг, а Хамилтон го презема водството, но само за кратко бидејќи и тој во наредниот круг влегува во бокс за промена на гуми. Ситуацијата ја користи Леклерк кој го превзема водството, а Хамилтон излегува помеѓу Ботас и Фетел.

Во меѓувреме, Фетел се приближи до Хамилтон на само две секунди, а Леклерк има 12,5 секунди пред Ботас. Единствените во првите десет до тој момент кои не беа во бокс беа Леклерк и Гасли. Најбрз круг во трката до 20-от круг имаше Вестерпен

Во 3а-от круг, Ботас е во DRS зона во однос на Леклерк кој сеуште не ги беше посетил механичарите и на стартно целната рамнина лесно го поминува. Веќе во следниот круг истото го прави Хамилтон и се враќа на втората позиција, исто како и Фетел круг подоцна. Во меѓувреме, инцидент помеѓу Квјат и Рикардо поради кој и двајцата се под истрага, но поради оштетување на болидите веќе во следниот круг, и двајцата се откажуваат.

Леклерк кој од почетокот на трката возеше на медиум гуми, во бокс влегува дури во 35-круг, по што на патеката се враќа со меки гуми. Во 39-от круг на сцена стапува виртуелното безбедносно возило поради Гасли кој мораше да паркира на страна од патеката поради проблем со погонската единица. Во истиот круг трката ја завршува и Ромен Грожан од Haas.

На пет круга пред крајот Хамилтон е на само 1,5 секунди зад Ботас, но се остана само на приближување без борба промена на позициите. Ботас поминува како прв низ целта за втора сезонска победа.

(2019 Azerbaijan Grand Prix) Резултати:

(2019 Azerbaijan Grand Prix) Изјавија по трката:

Валтери Ботас (Mercedes)

„Ова беше тешка трка иако можеби и немаше возбудливи моменти на чело од колоната, Луис постојано ме притискаше и бев многу среќен кога го видов знамето и го земав првото место на пиедесталот“

Луис Хамилтон (Mercedes)

„Честитки за Валтери, тој возеше одлично и не направи грешки, Ова треба да е најдобриот почеток на сезона што овој тим некогаш го имал, а јас сум благодарен што сум дел од тоа“

Себастијан Фетел (Ferrari)

„Од клучно значење беше да стигнам до третото место. Добро е што Чарлс го има најбрзиот круг“

(2019 Azerbaijan Grand Prix) Race Highlights:

Наредната трка од шампионатот се вози за ГН на Шпанија во Барселона на 12 мај.