Фантастичен почеток на сезоната за Ferrari!

Возачот на Ferrari, Шарл Леклер, продолжува да импресионира на почеток од сезоната и дојде до својата втора победа во три трки од шампионатот во Formula 1, овој пат на трката за ГН на Австралија! Ова беше прва трка во Австралија по 2019 година, а Леклер ја обезбеди третата победа за Ferrari на последните четири трки во Австралија.

На второто место заврши Серхио Перез кој му донесе барем малку среќа на Red Bull ако се земе во предвид дека Макс Верстапен се повлече од трката во 40-от круг откако неговиот Red Bull по втор пат годинава откажува. 

Актуелниот шампион во конструктори, Mercedes, од Австралија заминува со најмногу бодови откако Џорџ Расел заврши на третото место што е прв подиум за него по преселбата во Mercedes, а втор во кариерата. Неговиот тимски колега Луис Хамилтон заврши на четврото место.

Возачите на McLaren имаа фантастичен викенд. Ландо Норис стигна до петтото место, а со само четири десетинки заостанување зад него, Даниел Рикиардо ја мина целта како шести. 

Бодови освоија и седмопласираниот Естебан Окон (Alpine), чиј тимски колега Фернандо Алонсо немаше трка за паметење. Шпанецот стартуваше со тврди гуми и го загуби тешко заработеното време поради безбедносното возило во 22-от круг, што пак не беше случај и со Валтери Ботас (Alfa Romeo) кој одлично ги искористи околностите на патеката, стигнувајќи до осмото место и четири бода. Деветти беше Пјер Гасли (AlphaTauri), a последниот бод му припадна на возачот на Williams, Алесандер Албон.

Чарлс Леклер на тркачкиот викенд во Австралија го зеде и својот прв Grand Chelem во својата кариера – водеше во секој круг од трката, ја освои пол позицијата, најбрзиот круг во трката и на крајот и победа во трката.

Ја одбележа трката…

Третата трка од шампионатот покрај доминантната победа на Леклер ја одбележа откажувањето на бранителот на титулата Макс Ферстапен, исто како и во Бахреин поради дефект на болидот, во моментот кога беше на второто место.

Ферстапен беше најблиску до возачот на Ferrari во поголемиот дел од трката, но остана без бодови бидејќи во 39-от круг мораше да се паркира покрај патеката поради истекување на непозната течност од моторот. За кратко по паркирањето покрај патеката, задниот дел од болидот на Верстапен беше во пламен, но со брза реакција на луѓето од организацијата покрај патеката, се заврши без последици Ова предизвика период на виртуелно безбедносно возило, бидејќи во претходната фаза од трката, возилото за безбедност веќе двапати излегуваше на патеката – прво поради извртувањето и откажувањето на Карлос Саинс Јуниор (Ferrari), а потоа и Себастијан Фетел.

Забавувањето на трката во три наврати воопшто не влијаеше на Леклер, но и Перез, кој го наследи второто место по откажувањето на неговиот тимски колега. Расел, пак, профитираше од второто излегување на безбедносното возило на патеката, бидејќи дури тогаш отиде во бокс за промена на гумите што му овозможи и напредок во пласманот. 

2022 Australian Grand Prix / Race Highlights

Следната трка од шампионатот се вози за ГН на Емилија Ромања на легендарната Монца на 24 април.

Реакции по трката…

Чарлс Леклер

„Каков автомобил имавме денес! Возев добро во текот на викендот, но тоа немаше да биде возможно без овој автомобил. Бевме навистина силни овој викенд, особено на трката. Гумите беа одлични од првиот круг и одлично ги контролиравме. Јас сум пресреќен. Не беше лесно по рестартите на трката. Посебно на вториот. Мислев дека ќе биде тешко да ја задржам позицијата до првиот свиок, но успеавме. Ова е само трета трка и тешко е да се размислува за титулата. Точно, имаме одличен и сигурен болид. Дефинитивно имаме шанса ако така остане до крајот“.

Серхио Перез

„Почетокот беше малку предизвикувачки бидејќи Луис успеа да ме заобиколи. Тој имаше добро поминување низ првиот свиок и оттогаш се обидував да го стигнам се додека не излезе првото безбедносно возило. Првиот стинт беше тежок во однос на деградација на гумите. После тоа, изгубивме две позиции на тврдите гуми при безбедносното возило, што подоцна успеав да ги надоместив“. Ова е добар резултат, но го загубивме Макс. Ќе беше убаво и двајцата да завршевме на подиумот поради тимот, но немавме среќа во првите три трки. Секогаш е интересно во дуелите со Луис. Тешко е, но тоа е фер трка“.

Џорџ Расел

„Тука сме да се обидеме да победуваме. Денес профитиравме благодарение на проблемите што ги имаа другите. Имавме среќа двапати и ја искористивме шансата. Во фабриката се вложуваат многу напори за да се вратиме на врвот, а ова е посебно чувство сега кога сме на подиумот. Мора да продолжиме да се бориме. Бевме далеку зад нашите ривали овој викенд, но сепак завршивме на подиумот. Мораме да останеме константни сега кога заостануваме и сигурен сум дека во одреден момент ќе се вратиме на врвот“, изјави Расел.

https://youtu.be/u5vq1SUMzEs

2022 Australian Grand Prix / Post Race Show