Од 30-те најбарани модели во Германија, само еден нема директна или индиректна поврзаност со домашната автомобилска индустрија

Пазарот на нови автомобили во Германија во февруари забележал раст од 2,7%, првенствено поради зголемената продажба на најголемиот „играч“ во земјата – Volkswagen Group (+3,3%).

Минатиот месец, Германците купиле вкупно 268.867 нови автомобили, од кои 101.414 возила носеле ознака на бренд кој работи во рамките на VW групата. Така, најпопуларните марки на автомобили во февруари во Германија се Volkswagen (49.965), Mercedes (24.380), Audi (24.050), Ford (21.264) у BMW (17.825 продадени единици).

Доминацијата на германски брендови, пред се на Volkswagen, на домашниот пазар директно се отсликува и преку листата на најпродавани модели во првите два месеци од 2019 година.

Првите три места ги заземаат модели на VW, предводени од бестселерот Golf (30.465), кој доминира на листата, и покрај фактот дека сегашната 7-та генерација на ова возило веќе е во заминување.

10 најпродавани нови автомобили во Германија
во периодот јануари-февруари:

Модел / Продажба во првите два месеци од 2019 година.

  1. VW Golf (30.465)
  2. VW Tiguan (12.825)
  3. VW Polo (12.570)
  4. Mercedes C-класа (10.992)
  5. VW T-Roc (9.529)
  6. Ford Focus (9.347)
  7. Audi А3 (9.000)
  8. Škoda Octavia (8.987)
  9. Audi A6 (8.149)
  10. Opel Corsa (7.748)

Она што е особено интересно е дека меѓу 30-те најпродавани модели во Германија е само еден што припаѓа на бренд кој нема директна или индиректна поврзаност со домашната автомобилската индустрија. Станува збор за Dacia Sandero, која со 4.382 продадени во текот на јануари и февруари 2019 година е на 29. место.

Имено, од 11-то до 20-то место по продажба се: VW Touran, Audi A4, Mercedes E-класа, Opel Astra, MINI, Ford Fiesta, VW Passat, Mercedes GLC, Škoda Fabia и Mercedes A-класа, а од 21-30 место се: Ford Kuga, BMW Серија 1, BMW Серија 5, BMW X3, Škoda Karoq, BMW Серија 3, VW Up!, Audi Q5, Dacia Sandero i BMW Серија 2.

Loading...