Овие пет автомобили ќе ви предизвикаат многу проблеми и не вредат за вложените пари

Генерално, германските автомобили се поврзани со квалитет и сигурност. Mercedes W124 или BMW 5 E34 често се посочуваат како пример за издржливост и „тешки за убивање“ модели. Сепак, не сите германски автомобили се толку сигурни. Некои, всушност, се покажале како многу проблематични и треба да се избегнуваат, особено оние од втора рака, велат и самите Германци, кои често сакаат да се ослободат од моделите наведени во овој избор.

BMW X5

Кросоверот BMW X5 E70 е ценет од многумина поради својот комфорт и одлична управливост, но и проколнуван поради проблеми погонот на четири тркала и коленестото вратило. Освен тоа германските сопственици на автомобилот често пријавуваат проблеми во електриката.

Mercedes-Benz GL

SUV моделот со седум седишта, Mercedes GL, е моќен и простран, но не многу доверлив. Најголем дел од проблемите се поврзани со суспензијата, особено на лоши патишта. Покрај тоа, сопирачките се премногу слаби за толку тешко возило, поради што лесно се трошат. Електроника исто така не е меѓу најдобрите страни на ова возило.

Volkswagen Sharan

Миниванот на Volkswagen (и неговиот шпански пандан, Seat Alhambra) не може да се пофалат со сигурност. Меѓу најчестите проблеми се електричните прозорци, алармниот систем, климатизацијата и централната брава. Суспензијата исто така е проблем. Германците препорачуваат да се избегнува верзијата со 1.8-литарски турбо мотор.

Volkswagen Touareg

Првата генерација е одлична ако се гледа од страна на проодност на терен, но сигурноста е слаба страна. Типични проблеми вклучуваат дефект на пумпата за вода, автоматскиот менувач, карданот, како и стартувањето кај бензинските верзии. Треба да се избегнуваат модификациите со воздушна суспензија, како и 2,5-литарски турбодизел, кој ќе ви донесе безброј проблеми.

Opel Vectra C

Третата генерација на Opel Vectra не чини многу, а и резервните делови не се скапи. Сепак, моделот има многу проблеми – кај бензинските варијанти ова се однесува на пумпата за вода и на електронската контролна единица, а за дизелите и некои бензински модификации зголемена потрошувачка на масло.