Дождливата и малку хаотична трка за ГН на Монако е зад нас 

Трката започна на влажна подлога, а поради врнежите од дожд пред самиот старт, судиите решија да го одложат стартот. Потоа дождот засили, па се чекаше цел час за вистинска акција. На крајот добивме нешто пократка трка поради задоцнетиот старт и црвено знаме по инцидентот на Мик Шумахер. Во такви измешани услови и целиот хаос што настана, Серхио Перез во Red Bull најдобро се снајде. Ова му ја донесе третата победа во кариерата и прва оваа сезона. Многу блиску заврши вториот возач на Ferrari, Карлос Саинз, додека трет трката ја заврши Макс Верстапен пред Шарл Леклер!

Одличен петти беше Џорџ Расел во Mercedes. Oдличнo шестo место и за Ландо Норис во McLaren, кој патем го освои и дополнителниот поен за најбрз круг. Фернандо Алонсо заврши како седми, задржувајќи го местото прад Хамилтон на осмото место.

Естебан Окон првично заврши деветти, но поради казна од пет секунди заврши надвор од најдобрата десетка. Така деветтото место го наследи Валтери Ботас во Alfa Romeo, а десеттi беше Себастијан Фетел во Aston Martin.

Леклер имаше пол-позиција, а тоа е огромна предност во Монте Карло, каде претекнувањето е навистина ретко. Скапо го чинеше лошата проценка на неговиот тим, односно тајмингот на менување гуми од оние за дожд во гуми за променливи временски услови. Ferrari потоа падна од „еден-два“ позицијата. Поточно Леклер падна во поредокот за три позиции. 

Во меѓувреме, се случи посериозен инцидент, кога возачот на Хас, Мик Шумахер, изгуби контрола над болидот, трипати се заврте и ја проби заштитната ограда. Германецот за среќа помина без повреди, а на патеката излезе возилото за безбедност.

По два круга трката повторно беше прекината за кратко време заради санација ба заштитниот ѕид. По 15 минути трката продолжи зад возилот за безбедност, а возилата ги менуваа гумите за време на паузата.

Бидејќи од оваа сезона трката може да трае најмногу три часа со сите прекини, променет е временскиот лимит, односно возење во Монте Карло до 18 часот. Редоследот секако остана ист, па Перез го оствари првиот триумф сезонава.

Верстапен со оваа победа ја зголеми предноста во генералниот пласман и сега има 125 бода на првото место, Леклер е втор со 116 бодови, а Перез е трет со 110 бодови. 

Следната трка се вози во Баку за Големата награда на Азербејџан на 12 јуни.

2022 Monaco Grand Prix / Резултати

2022 Monaco Grand Prix / Qualifying & Race Highlights

2022 Monaco Grand Prix / Изјавија по трката