На првото ГП на Холандија од 1985 година, победата му припадна на фаворитот и миленик на домашната публика, Макс Верстапен во Red Bull, со што повторно го презеде водството во шампионатот. Зад него на подиумот завршија двата возача на Mercedes – Луис Хамилтон и Валтери Ботас

Макс Верстапен

Возачот на Red Bull е свесен дека има уште многу да се вози до крајот на сезоната и не покажа премногу емоции по победата во родната Холандија.

„Атмосферата беше неверојатна и очекувањата беа големи. Не е секогаш лесно да се постигнат цели под таков притисок, но успеавме и сега ја имаме лидерската позиција во шампионатот. Денот беше неверојатен. Почетокот беше важен и се се одвиваше во позитивна насока. Mercedes се обиде стратешки да ни ги отежни работите, но ние добро контриравме и можеме да бидеме задоволни од перформансите на целиот тим“.

Луис Хамилтон

„Одлична трка пред оваа прекрасна публика. Честитки за Макс. Дадов се од себе, но тие сепак беа премногу брзи. Не беше лесно со гужвата на патеката и не беше лесно да се следи. Последниот круг на новите гуми беше најдобар бидејќи имав малку гориво и меки гуми. Ова е сега една од моите омилени патеки на календарот и едвај чекам да се вратам следната година“.

Валтери Ботас

„За мене, трката беше прилично здодевна. Се обидовме со еден пит-стоп и продолжен прв стинт, но на крајот имавме доволно предност да ги смениме гумите уште еднаш од безбедносни причини. Не се обидов да возам најбрз круг на крајот, но тој секако му припадна на Луис. Важно е што на тимот му донесовме многу важни бодови во шампионатот“.

Пјер Гасли

„Многу сум задоволен од резултатот. Одличен резултат за мене и за тимот. Први сме зад Макс и Mercedes. За време на трката не се случуваат многу работи. Чарлс постојано беше зад и следеше, но нашиот болид беше одличен и беше вистинско задоволство да се вози. Ferrari има повеќе темпо na меки гуми на крајот од нивниот работен век. Се мачевме многу и ги сменивме гумите можеби малку порано за да се осигураме дека ќе ја задржиме нашата позиција. После тоа имавме одлично темпо и тимот ме молеше неколку пати да забавам бидејќи мислеа дека гумите ќе попуштат, но знаев дека се е под контрола“.

Чарлс Леклерк

„Ова беше исклучително добра трка за нас, бевме силни кога станува збор за темпото. Беше многу тешко да го стигнам Пјер. Настапот беше доста добар, ние бевме најдобри од остатокот на гридот, но ни беа потребни подобри квалификации за подобар резултат. Првиот стинт ни беше подолг но бевме конкурентни. Сепак кон самиот крај почна да станува многу потешко. Деградацијата на предната оска го направи своето, така што имав проблеми со управувањето средините од кривините. Успеавме да го натераме Пјер да оди прв на промена на гумите, се обидов да изведам поинаква тактика од тоа, но не успеавме“.