На првото ГП на Холандија од 1985 година, победата му припадна на фаворитот и миленик на домашната публика, Макс Верстапен во Red Bull, со што повторно го презеде водството во шампионатот. Зад него на подиумот завршија двата возача на Mercedes – Луис Хамилтон и Валтери Ботас

Првиот зад најдобрите тројца беше извонредниот Пјер Гасли (Alpha Tauri), пред Шарл Леклерк од Ferrari и Фернандо Алонсо од Alpine. Карлос Саинц (Ferrari) успеа да издржи под налетот на Серхио Перез (Red Bull) во последните кругови завршувајќи на седмото место, а последните кои успеаја да стигнат до бодови беа Естебан Окон (Alpine) и Ландо Норис (McLaren).

Следната трка се вози во Монца за Големата награда на Италија веќе следниот викенд.

Тек на трката

Во пресрет на трката, се дозна дека Перез (Red Bull) и Латифи (Williams) ќе стартуваат од своите боксови. Во Red Bull ја искористија слабата стартна позиција ја воведување на четврта погонска единица за Перез, додека кај Латифи беа заменети менувачот и двете крила, со различни конфигурации од оние во квалификациите.

Стартот помина добро за лидерите и тие ги задржаа своите стартни позиции во првиот круг. Алонсо имаше минимален контакт со предните крила на Расел и Џовинаци, но без никакви последици, а Џовинаци падна на десеттото место. На Верстапен не му требаше многу да создаде предност од две секунди пред Хамилтон. По првиот круг поредокот беше Верстапен, Хамилтон, Ботас, Гасли, Леклер, Саинц, Алонсо, Окон, Рикиардо и Џовинаци.

Веќе во петтиот круг, Хамилтон изрази загриженост во однос на издржливоста на гумите, тврдејќи дека тие нема да траат долго. Окон се обиде да го претекне Алонсо во третиот свиок, но не успеа. На тимот преку радио му соопшти дека Алонсо вози преспоро.

Иако стартуваше со тврди гуми, Перез веќе во деветиот круг замина во боксот по нов сет на гуми затоа што стартниот го уништи со блокирање на тркалата додека се обидуваше да го претекне Мазепин. Од друга страна, изгледаше прилично јасно дека Хамилтон ќе биде со тактика со две застанувања, а Ботас со едно застанување, додека во Red Bull беа во дилема за која тактика да се одлучат.

Во 21. Круг Хамилтон прв заминува во бокс на промена на гумите и се враќа на патеката како трет со сет медиум гуми. Веќе во следниот круг во Red Bull решаваат да ја следат истата тактика, па и Верстапен прави промена и на патеката се враќа пред Хамилтон, а зад Ботас, со медиум гуми. Во 25 -от круг, во бокс оди и Гасли и од четвртото место паѓа на седмото место.

Во првите кругови по промените Хамилтон вози подобри времиња од Верстапен, но, како што се редеа круговите, Макс повторно го зголеми водството на три секунди. Во 30-от круг, тој заглави зад Ботас, што му овозможи на Хамилтон да се приближи, намалувајќи ја разликата зад Верстапен на помалку од секунда. Сепак, по само еден круг, Верстапен лесно минува покрај Ботас, исто како и Хамилтон, а Финецот веднаш оди во бокс на крајот од истиот круг. Се врати на третото место. Во истиот круг, во бокс оди и Саинц и се враќа зад Гасли и Алонсо на седмото место. До тој момент, промена на гуми од првата десетка немаа направено само Леклер и Алонсо, кој тоа го прави во 34. круг.

Токму во тој круг, од судиите доаѓа известување дека Расел добил казна од пет секунди за брзо возење низ боксовите. Во 35. круг и Леклер оди во бокс за промена на гумите, враќајќи се на петтото место помеѓу Гасли и Саинц. Во Ferrari се одлучија за тврди гуми, додека сите други пред нив се префрлија на медиум гуми.

Откако на Макс му беше кажано да го забрза темпото, во 40. круг Хамилтон оди по нов сет на медиум гуми. Се врати на второто место, но по излегувањето заглави во гужвата пред него. Веќе во следниот круг, од Red Bull враќаат и Верстапен оди втор пат во бокс, префрлувајќи се на сет од тврди гуми. Се чини поради лошата процена во Mercedes за тајмингот за промена на гумите, поради што Хамилтон влезе во метеж од болиди кои заостануваат, Верстапен без проблеми се врати на лидерската позиција, а Хамилтон воопшто не профитираше од таквата тактика.

Во 50. круг Цунода (Williams) се откажува поради дефект, a по одењето во бокс за Норис (Mclaren) и Перез (Red Bull) редоследот беше Верстапен, Хамилтон, Ботас, Гасли, Леклер, Саинц, Алонсо, Окон, Норис и Рикиардо.

Хамилтон повторно забрза но не успеа разликата во однос на Верстапен да ја намали под 1,7 секунди. На 13. круга пред крајот Леклер заостануваше четири секунди зад Гасли, откако во претходните кругови драстично го зголеми темпото

Десет круга пред крајот Хамилтон забави, со што беше јасно дека се предава и сака да ја ризикува и втората позиција. Перез продолжи да го „притиска“ Норис, а Алонсо се обидуваше да го стигне сонародникот Саинц. Во 66. круг, Перез го престигна Норис, а Ботас беше повикан во боксот по нов сет гуми, затоа што беше и повеќе од јасно дека никој веќе неможе да му се приближи. Со новиот сет гуми Ботас успеа да го извози најбрзиот круг во трка, но само за кратко бидејќи по нов сет на гуми замина и Хамилтон, кој мораше да се обиде да го освои бодот за најбрз круг во трка, во што на крајот и успеа.

На крајот Верстапен пред „полудената“ облечена во портокалово публика само ја потврди доминантната победа во првото ГП на Холандија по 1985 година.

2021 Dutch Grand Prix | Резултати

2021 Dutch Grand Prix | Race Highlights