Техничкиот гигант Apple планира да ја заживее својата автомобилска програма, па затоа, според најновите извештаи, претставниците на Apple се состанале со претставниците на Toyota и разговарале за потенцијално партнерство

Apple има за цел да најде сигурен и цврст партнер од автомобилскиот сектор во обид да го лансира своето прво производствено возило 2024 година. За жал, детали во моментов нема и не е познато кога и каде се сретнале, или ќе се сретнат двете страни.

Сепак, јасно е дека идните автомобили ќе бидат со електричен погон. Исто така, не е познато како ќе изгледа првиот Apple, но Peisert Design подготви неколку рендери на моделите Apple ONE и Apple ONE Sport.

Apple ONE треба да има погон на сите тркала, со електрични мотори со вкупна моќност од 969 kW, 5 + 2 седишта и дострел од скоро 1.300 километри. Apple ONE Sport треба да има вкупна моќност од 1.473 kW и планиран опсег од повеќе од 1.000 километри.

Како што направи револуција во iPhone, Apple има амбиција да направи нешто слично и во автомобилскиот сектор.