Возачот на Mercedes, Луис Хамилтон, ја освои трката на ГН на Германија во Хокенхајм и повторно ја презеде лидерската позиција во генералниот пласман пред Себастијан Фетел

Трката ја обележија непредвидливите временски услови и можеби најголемиот возачки кикс на Фетел во неговата досегашна кариера, благодарение на кој Хамилтон и покрај 14-та стартна позиција стигна до нова победа, четврта во сезоната, а 66-та во неговата досегашна кариера.

ГН на Германија донесе многу возбуда, иако за време на поголемиот дел од трката воопшто не изгледаше дека е доведено во прашање името на победникот. Возачот на Ferrari, Себастијан Фетел, сигурно водеше до моментот кога почна да врне на еден дел од патеката, а кога Раиконен по одењето на нив двајца во бокс ја загрози неговата позиција, доби тимска награда да го пропушти Германецот.

Кога мрачните облаци надвиснаа над Хокенхајм, сите возачи освен Фетел успеаја да останат на патеката, а миленикот на локалната публика беше виновник за најголемиот инцидент на трката. Возачот на Ferrari излета од патеката и ја погоди заштитната ограда, што доведе до влегување на безбедносното возило, за потоа во бокс да замине Раиконен. Дотогаш, Хамилтон успеа да се пробие пред својот тимски колега, кого тимот некако „неподготвен“ го пречека на замена на гумите, поради што Британецот ја запоседна лидерската позиција во трката.

Кога трката продолжи, Ботас успеа дури и да го притисне Хамилтон, на што овој возврати, по што следеше тимска наредба за задржување на позициите. Иако дождот потоа се интензивираше, битката за победа беше решена, а немаше големи промени ниту во поредокот зад британскиот возач. Ботас го освои второто место, пред Раиконен, а најдобар меѓу другите беше возачот на Red Bull, Макс Верстапен пред Нико Хилкенберг од Renault.

Бодови освоија и Грожан, Перес, Окон, Ериксон и Хартли.

2018 German Grand Prix: Резултати

2018 German Grand Prix: Race Highlights

2018 Formula 1: Генерален пласман (Возачи)

Изјавија по трката:

Луис Хамилтон

Себастијан Фетел

Хамилтон по победата во Германија повторно е лидер во генералниот пласман, а Ferrari и Фетел веќе следниот викенд ќе имаат шанса за враќање на ударот на трката за Големата награда на Унгарија.