Холивудската ѕвезда Марк Волберг, познат и како Марки Марк од времето кога правеше музичка кариера, направи уште еден чекор како претприемач. Досега Марк имаше инвестирано во ресторан, компанија за минерална вода и производство на додатоци во исхраната, а сега влегува и во бизнис, кој нема ништо заедничко со исхраната – трговија со автомобили

За остварување на целта Волберг се здружил со својот пријател и долгогодишен дилер на Chevrolet, Џеј Фелдман, купувајќи го преставништвото на брендот во Каламбас, Охајо. Компанијата го менува името во Mark Wahlberg Chevrolet.

Фелдман со Волберг се запознал во 2013 година, кога Марк престојувал во Детроит за време на снимањето на четвртиот дел на Transformers. Двајцата стануваат соработници во ресторанот Wahlburgers во Кливленд, а потоа и во синџирот ресторани со истото име во Џорџија. Интересот на двајцата за инвестирање во бизнисот со автомобили е од почетокот на минатата година, но дури сега успеале во намерата.

Застапништвото во Каламбас има два салони, како и сервис за 50 автомобили. Во него работат околу 100 луѓе, а новите сопственици најавуваат дека сите ќе ги задржат своите работни места, а ќе ангажираат и нови трговци и сервисери.

Фелдман додава дека тој и Волберг планираат да инвестираат во повеќе преставништва на автомобили, најверојатно исто така во Охајо.

Mark Wahlberg Chevrolet е деветтото застапништво под контрола на Feldman Automotive Group. Компанијата располага со пет дилерства за Chevrolet, едно за Kia и Hyundai и едно за половни автомобили.