Fiat Chrysler Automobiles преминува во владение на Hyundai?!
Според пишување на азиските медиуми, јужнокорејскиот гигант Hyundai планира да ја преземе групата Fiat Chrysler Automobiles (FCA) во текот на летото
Се очекува акциите на FCA да доживеат голем пад непосредно пред заминувањето на Серџо Маркионе од позицијата на прв човек на FCA, што секако ќе ја намали вкупната цена на групацијата.
Клучното име во целокупниот бизнис, наводно е, Пол Сингер, директор на Elliot Managment, кој поседува акции на Hyundai во вредност од 1 милијарда долари. Неодамна тој, директорот на FCA за Европа, Блискиот Исток и Африка, Алфред Алтавили, го назначил за член на Управниот одбор на Телеком Италија, компанија во која исто така има мнозинство од акциите.
Азиските медиуми истакнуваат дека Маркионе го привлекол вниманието на Hyundai преку интересот на кинеската компанија Great Wall Motor. Во претходните години, Маркионе отворено зборуваше за желбата на FCA да се интегрира со друг голем производител. Во текот на 2015 година, Маркионе се обиде да преговара со General Motors, но американската компанија ја одби понудата. Исто така, и покрај големиот интерес за Alfa Romeo, германскиот Volkswagen, исто така, ја отфрли идејата за интегрирање со FCA.
Инсајдерите тврдат дека било каков сличен договор ќе предизвика огромни проблеми за овие компании во Германија и Италија, бидејќи соединувањето ќе доведе до затворање на бројни фабрики.
Покрај тоа, VW во моментов не е подготвен за големи деловни зделки додека се опоравува од последиците од аферата Dieselgate и влегувањето во сферата на електрификација на возилата.
Од друга страна, спојување на FCA и кинеската компанија сигурно би го блокирал американскиот претседател Доналд Трамп преку Комитетот за странски инвестиции. Многу поприфатливо за нив е соработка со Јужна Кореја, со оглед на тоа што двете земји имаат и договор за слободна трговија.
Портпаролот на Hyundai, Џим Тренор, не сака да ги коментира гласините, но и не ги негира.