![Фетел најбрз на првиот ден од тестирањата во Барселона!](https://dodajgas.mk/wp-content/uploads/2019/02/Vettel.jpg)
Фетел најбрз на првиот ден од тестирањата во Барселона!
Себастијан Фетел постави најбрзо време на првиот ден од тестирањето во Барселона – 1.18.161. Воедно, Фетел со неговото Ferrari извозе и најмногу кругови без никакви видливи проблеми
Зад Ferrari заврши двоецот – Карлос Саинц (McLaren) и Ромен Грожан (Haas). Фетел и Грожан своите најбрзи времиња ги поставија на средно тврди гуми (C3), а Саинц на еден степен помеки гуми (C4).
Единствените тимови кои не направија повеќе од 100 кругови на првиот ден од тестирањата беа Racing Point, Haas и Toro Rosso. Најмал број на кругови направи Серхио Перез од Racing Point.
Тимот на Williams го пропушти првиот ден, поради каснење во производството на новиот болид, а најверојатно така ќе биде и на вториот ден.