Валтери Ботас со Mercedes е големиот победник на 35-то издание на ГН на Австралија (24-то во Мелбурн) и првата трка од јубилејната 70-та сезона во Formula 1!

Второто место го освои Луис Хамилтон кој во текот на трката ниту еднаш не беше ни блиску до својот тимски колега, а Макс Верстапен на Red Bull Honda и го донесе третото место. Првата трка од сезоната беше многу лоша за возачите на Ferrari, кои на крајот не можеа подалеку четвртото место за Фетел и петтото место за Леклерк.

Од првиот стартен ред тргнаа возачите на Mercedes, Хамилтон и Ботас. Финецот подобро стартуваше и веднаш го презеде водството. Верстапен и Фетел не добија можност од вториот ред да се пробијат меѓу двете „Сребрени стрели“, а моментот се обиде да го искористи Леклерк кој го нападна Фетел, но Германецот не дозволи да биде поминат.

За жал на домашната публика, веќе на стартот проблеми за Даниел Рикиардо, кој накратко на стратната рамнина излезе од патекта во обид за напредок во позициите и остана без предното крило. Веќе на стартот неговата трка беше уништена. Оние кои најмногу профитираа на стартот беа Хулкенберг кој напредуваше три позиции и Саинц со четири позиции.

Валтери Ботас решително уште од стартот нагази и брзо направи солидна предност пред Хамилтон и Фетел.

Дали случката во 11-от круг е најава за нова проблематична сезона на McLaren останува да видиме – првото откажување во трката откако се запали моторот на Renault во болидот на McLaren и Карлос Саинз.

Ботас на лидерската позиција ги возеше најбрзите кругови, пред Хамилтон, а Фетел заостануваше седум секунди зад водечките. Во 15-тиот круг, Германецот замина во бокс и се врати на патеката како шести, а еден круг подоцна истото го направи и Хамилтон, кој се врати како четврти, но пред Фетел.

Ботас ја контролираше трката пред Верстапен, Леклерк, Хамилтон и Фетел. Во 23-от круг и тој замима во бокс на промена на гумите и се врати на второто место зад Верстапен, а пред Леклерк и Хамилтон, пред кој имаше предност од 10 секунди.

Хамилтон во еден момент го праша тимот зошто отишол рано во бокс, а тие му одговорија дека тоа било направено за да се одбрани од Фетел. Во тие моменти, најинтересно беше битката за 12-то место, битката помеѓу Норис и Џовинаци која ја доби возачот на McLaren.

Верстапен во бокс замина во 27-от круг и се врати на четвртото место зад Фетел.

Во 29-от круг за прв пат на промена на гуми оди  Леклерк, по што на патеката се врати како петти зад Верстапен. Во 31-от круг Верстапен го нападна и помина Фетел, а во истиот круг, домашниот возач Рикиардо го комплетираше лошиот ден и се повлечече од трката. По него истото го направи и Роман Грожан од Haas.

Холанѓанецот имаше одлично темпо и брзо се најде зад Хамилтон, кој се пожали на гумите и губиток на време поради тоа. Во 38-от круг Ботас имаше предност од 20 секунди над Хамилтон и повторно возеше најбрзи кругови, а Фетел го праша својот тим преку радио зошто е толку бавен. Одговорот беше дека сè уште не знаат.

Верстапен возеше на околу една секунда зад Хамилтон, но во еден момент ја скрати кривината, излета на кратко од патеката, по што Британецот „избега“ на три секунди.

Ботас праша дали ќе го повикаат во бокс на замена на гумите, со цел да се обиде да добие поен плус за најбрз круг во трката, а тие му одговорија дека не би ризикувале ништо и најдобро е да остане на патеката. Од оваа сезона, возачот кој ја има најбрз круг во трка добива дополнителен поен, но само ако трката ја заврши меѓу првите десет.

Верстапен во тие моменти го извозе најбрзиот круг и му се приближи на Хамилтон за 1,3 секунди, но не успеа да стори ништо повеќе. Ботас повторно нагази и во претпоследниот круг го извозе најбрзиот круг во трката со што дојде до максимални 26 поени од Мелбурн.

РЕЗУЛТАТИ:

ИЗЈАВИЈА ПО ТРКАТА:

Валтери Ботас

Луис Хамилтон

Макс Верстапен

2019 Australina GP: RACE HIGHLIGHTS

Следната трка се вози на 31-март за Големата награда на Бахреин.