Европската унија ќе го одобри договорот меѓу FCA и PSA
Четвртиот најголем производител на автомобили ќе биде реалност најдоцна на почетокот на следната година
Европската комисија многу веројатно дека наскоро ќе го одобри спојувањето меѓу Fiat Chrysler Automobiles и PSA Group, пренесува Reuters. Договорот вреден 38 милијарди долари, кој ќе доведе до создавање на четвртиот по големина производител на автомобили, ќе биде реалност најдоцна на почетокот на следната година.
Зеленото светло од Европската комисија ќе го официјализира создавањето на гигантот Stellantis, кој ќе управува со огромен број на брендови – од Fiat, Jeep, Ram и Maserati, до Citroen, Peugeot и Opel. Првичната цел на спојувањето е да се намалат трошоците за развој и производство за 6 милијарди долари годишно, со споделување платформи и технологии и без потреба до затворање погони или отпуштања на вработени.
Засега, Комисијата и двата автомобилски конгломерати одбиваат да коментираат, а шпекулациите за веста доведоа до пад на акциите на PSA од 3,4% и зголемување на скоро исто толку на акциите на FCA.
И двете компании не ја користат пандемијата на коронавирус како аргумент за спојување пред ЕУ. Управните тела на производителите се надеваат дека спојувањето ќе се случи во првиот квартал од 2021 година. Иако не е во завршна фаза, обете компании започнале со преструктуирање за да заштедат финансии и да ги намалат трошоците заради економското влијание на светската здравствена криза. Околу 40% од заштедата ќе дојде од трошоците за производство, исто толку од набавките на материјали и суровини и 20% од други области како што се маркетинг, ИТ и логистика.