Италијанскиот производител објави дека неговите модели нема да користат plug-in хибридна технологија – пред се поради преголемата дополнителна тежина во споредба со конвенционалните возила

Иако веќе долго време се шпекулираше дека Ghibli ќе биде првиот модел од Maserati кој ќе добие хибридна верзија на батерии, тоа сепак нема да се случи. Првите луѓе и инженерите за развој на Maserati сфатиле дека додавањето на оваа технологија значително ја зголемува масата на нивните модели и тие одлучиле да го прескокнат овој среден чекор кон целосна електрификација.

Наместо тоа, италијанската марка ќе прибегне кон благ хибриден систем, за кој сметаат дека е ефикасно средство за намалување на потрошувачката на гориво и емисијата на штетни гасови. Згора на се, спроведувањето на благ хибрид е релативно ефтин процес.

Во исто време, Maserati е решен воопшто да не прибегнува кон сериозна хибридизација на својата понуда. Наместо тоа, тие ќе понудат само целосно електрични модели, за кои веруваат дека се единствените кои имаат што да понудат во однос на сегашната традиција и перформанси на автомобилите на Maserati.

Производителот од Апенинскиот полуостров веќе најави почеток на EV офанзивата. Освен фактот што нивниот неодамна претставениот адут MC20 ќе ја добие својата електрична варијанта, во 2022 година треба да го видиме и батериското издание на теренецот Grecale, од коj во Maserati имаат големи очекувања.

Дотогаш, Maserati планира да примени благ хибриден систем на сите единици што ги нуди, но и да се откаже од дизелот.