Euro NCAP ги објави најновите резултати од своите краш тестирања, во кои има чудни заклучоци

Кај Volkswagen Golf за време на тестот за страничен удар се отворила вратата! Euro NCAP ја критикува оваа мана на Golf, кој е втор автомобил на Volkswagen на кој му се случува ова на тестирањата од страна на Euro NCAP оваа година. Претходно, ова се случило и со врата на Sharan.

Како и да е, на Golf му se доделени пет sвезди. Чудна одлука затоа што отворањето на вратата во овие ситуации е исклучително опасно поради можноста патниците да бидат исфрлени од возилото. Германскиот хеџбек имал 95% за заштита на возрасни патници, 89% за деца и 76% за заштита на пешаци и велосипедисти.

Групацијата Volkswagen овој пат имаla голем број модели на тест. Не се прославило ниту триото Seat Mii, VW up и Škoda Citigo, бидејќи сите добиле само три sвезди. Спротивно на тоа, Audi Q8 добил максимални пет везди.

Одлични перформанси, односно пет ѕвезди имаат и Ford Puma, MG ZS, MG HS и Nissan Juke. Лош резултат има и кинескиот Aiway U5.

Овој автомобил доби три sвезди, главно заради лошите перформанси на тестот за странично влијание, потоа страничен удар во столбот и избегнување на пешаците. Од Aiway велат дека ова е прв пат Euro NCAP да тестира нивни модел, и ќе учат од повратните информации што ги добиле. 

„Ќе промениме се што е потребно за да го направиме U5 еден од најбезбедните SUV модели кои се нудат на Стариот континент“, се вели во соопштението на кинеската компанија.

Euro NCAP објави дека тестирала 55 автомобили оваа година, од кои 45 заработиле максимум пет sвезди.