Претседателот на САД, Доналд Трамп, според изјавите на повеќе неименувани дипломати кои инсистирале да останат анонимн, сака да го забрани увозот на германските возила во САД

Германскиот бизнис магазин Wirtschaftswoche пренесува дека, за време на посетата во месец април на францускиот претседател Емануел Макрон на Вашингтон, Трамп изјавил дека сака да ги исклучи германските модели од понудата на нови автомобили во Америка. Магазинот цитира неколку дипломати од САД, како и од Европа.

Германија е најголемиот извозник на автомобили во Европа. Во текот на 2017 година, во Северна Америка се увезени околу 657,000 возила од Германија, според податоците на Automotive News, а потпирајќи се на бројките објавени од страна на германската асоцијација која ги обединува претставниците на автомобилската индустрија.

Познавајќи ги претходните изјави на Трамп, слободно може да се рече и испади, оваа вест не смее да се игнорира. Подсетување на неговата антологиска изјава: „Германците се лоши, многу лоши. Погледнете ги милионите возила што им ги продаваат на Американците. Ние ќе го спречиме тоа“, изјави тој минатата година. По изборот за претседател на САД, Трамп јавно се обврза дека ќе воведе увозни давачки од 35% на секој германски автомобил увезени во САД.

Како мисли да го изведе е сосема нејасно. Познато е дека германските производители имаат компании со фабрики низ целиот свет, вклучувајќи ги и самите САД, каде што германските марки, само минатата година произвеле 804.000 возила. Не треба особено да се нагласува дека повеќето од овие автомобили се извезуваат од земјата на потекло, со што се поправа надворешниот трговски биланс на Америка.

Покрај тоа, иако помалку важно, во текот на својот живот, претседателот Трамп поседувал повеќе модели на Mercedes автомобили, како и Rolls-Royce кој е по потекло британскиот бренд но под контрола на BMW Group.