Глобалната побарувачка за електрифицирани возила во изминатите години зема неверојатен замав

Според наодите до кои дошла Меѓународната агенција за енергија (International Energy Agency – IEA), со седиште во Париз, која е советник од областа на енергетски прашања за многу влади, глобалната флота на електрифицирани возила ќе се зголеми од сегашните три милиони единици до 220 милиони до 2030 година.

Брзиот раст на уделот на пазарот на хибриди, чисто електрични возила и возила со погон на горивни ќелии почна да добива замав, па очекувањата се дека бројот на електрифицирани возила на патиштата во текот на следните две години ќе се зголеми тројно, иако податоците со кои располага агенцијата JATO Dynamics, укажуваат на спротивното. Бројот на станици за полнење на батерии (и јавни и приватни), исто така, ја надминал бројката од еден милион во текот на минатата година.

Според IEA, до 2030 година, растечката популација на електрифицирани возила ќе доведе до пад на побарувачката за нафта за околу 2.57 милиони барели на ден. Сепак, за ова сценарио да се оствари, ќе биде потребно да се изградат повеќе гигафабрики за батерии, онакви како што најави компанијата Tesla.

Фабриката на Tesla во Невада, кој кога ќе биде комплетно завршена, ќе биде најголема зграда во светот по површина и ќе биде во можност да произведе батерии со вкупна моќност од 35 гигават часови годишно. Оваа бројка е половина од сегашната побарувачка, а според IEA на светот ќе му требаат повеќе од десет такви фабрики во текот на следната деценија.

Најголемиот дел од побарувачката за батерии ќе доаѓа од Кина, која веќе ја зацврсти својата позиција на пазарот на електрифицирани автомобили, но значаен раст ќе има и во Европа и Америка. Норвешка е добар пат да ја зачува позицијата на лидер на пазарот, мерено преку учестворо на електрифицирани возила во вкупниот возен парк, каде EV возилата чинат 39% од продажбата на нови автомобили.

Сепак, според бројот на продадени електрифицирани автомобили, Германија за прв пат ја помина Норвешка, оваа година.