Германскиот возач и италијанскиот тим решија да ја прекинат соработката на крајот од оваа сезона, што веднаш предизвика домино ефект по прашањето кои возачи ќе може да ги променат тимските бои

Според некои наводи, се шпекулира дека Фетел би можел да отиде во McLaren, а Ferrari да го добие Карлос Саинз или дури и Рикиардо, чиј договор со Renault исто така истекува на крајот од годината. Не треба да се заборави ниту соработката на Луис Хамилтон со Mercedes која исто така истекува на крајот од 2020 година, но тој се подготвува да ги започне преговорите со неговиот тим, додека Валтери Ботис се бори да заслужи продолжување на соработката.

Motosport Italy: Саинз потпишува за Ferrari во рок од 48 часа?

Според наводите од Италија, Шпанецот веќе се смета за нов возач на тимот од Маранело.

Според пишувањата на медиумите, се чини дека Карлос Саинз е првиот на списокот на желби на Ferrari, затоа што првенствено е млад, доволно искусен и не е прескап. Исто така, тој сигурно би бил добар додаток во соработка со Чарлс Леклерк, кој сигурно би бил лидер на тимот.

Motorsport Italy пишува дека Шпанецот сега треба да го извести директорот на McLaren, Зак Браун, за неговиот трансфер во италијанскиот тим, кој заедно со Андреас Сејдл му понудија нов двегодишен договор. Според овие наводи, Ferrari наскоро треба да објави договор со Карлос Саинц.

Најдобриот резултат на Саинц досега е третото место од Бразил минатата сезона, што е негов прв и единствен подиум досега. Уште минатата година, прашан за гласините во тоа време за можен трансфер во Ferrari во иднина, тој изјави дека верува во себе и дека е подготвен за предизвици.

„Верувам во моите способности. Подготвен сум да направам одлични работи без разлика дали тоа е во McLaren, Ferrari или Mercedes“, изјави Карлос Саинц во тоа време.

Волф:  Mercedes не може да ги игнорира случувањата околу Фетел

„Себастијан е одличен возач, личност и достигнување за секој тим во Formula 1. Сепак, ако погледнеме на иднината, предност имаат постоечките возачите на Mercedes,  иако не можеме да го игнорираме овој развој на настаните“, изјави првиот човек на Mercedes за Мotosport-Total.com.

Иако се очекува Хамилтон да остане во Mercedes и во наредните сезони, заминувањето на Фетел секако ќе додаде шпекулации околу наводните тековни преговори на Луис со тимот кој сега има испразнето место.

Заминувањето на Ботас и можеби токму во Ferrari, може да создаде можност за најмоќното партнерство во историјата на Formula 1: Хамилтон – Фетел. Сепак, таква можност изгледа неверојатно со оглед на финансиските износи, а да не зборуваме и за потребата да се задоволат двајцата возачи кои очекуваат да имаат статус „број еден“.

Актуелниот возач на Williams, Џорџ Расел е исто така потенцијален кандидат за место во Mercedes во 2021 година како водечки член на нивната јуниорска програма.