Одличниот резултат во квалификациите за ГН на Сингапур за Даниел Рикиардo подоцна во саботата се претвори во разочарување

Поточно, по квалификациите, откриено е дека за време на Q1, количината на моќност која ја испорачува MGU-K е поголема од дозволените 120kW, што е еквивалентно на 160 КС.

Австралиецот заедно со неговиот тим беа повикани на разговор по што судиите донесоа конечна одлука – дисквалификација! Сè уште не е познато дали Рикиардо трката ќе ја започне од последната позиција или од боксот.

„По проверка на болидот и разговор со судиите, возачот и членовите на тимот, откриено е дека натпреварувачот јао прекршил Регулативата на FIA (точка 3 од член 5.2.2 во техничкиот правилник) за максимална дозволена моќност која ја испорачува системот MGU-K. Тимовите се запознаени со ова правило и начините за мерење и откако се собрани доказите, донесена е одлука за дисквалификација на болидот со бр.3 од финалниот пласман на квалификациите“, се вели во официјалното соопштение.

Ова е огромен удар за Renault, со оглед на тоа дека позицијата на патеката во Сингапур е многу важна. Тимот на Renault во генералниот пласман зад McLaren заостанува 18 бода и со ваков развој на настаните шансите за намалување на разликата се сведени на минимум.