Чарлс Леклерк верува дека подобрувањата на болидот кои Ferrari ги претстави пред викендот во Сингапур му ја обезбедиле првата позиција на квалификациите за денешната трка

Ferrari фантастично ја продолжи сезоната по летната пауза, со победите на Чарлс Леклерк на Белгиското и Италијанското ГП. И додека сите очекуваа дека тимот ќе биде нешто полош во текот на викендот во Сингапур, со оглед дека станува збор за патека која вообичаено не одговата на Ferrari, се случи спротивното. Леклерк ја освои својата стартната позиција, по лошите кругови на петочните тренинзи.

„Дојдовме со некои новости и тоа функционираше. Ова можеби не е секогаш случај, но викендов беше случај. Петок беше навистина тежок за мене. Не се чувствував пријатно во болидот. Работев напорно и денес тоа се исплатеше“, изјави Леклерк по саботните квалификации.

Откако постигна подобар резултат од Луис Хамилтон и тимскиот колега Себастијан Фетел, Леклерк му се заблагодари на тимот за за подобрувањата на болидот.

„Јас сум многу среќен поради денешниот резултат. Направив исклучително добар круг, иако во неколку моменти имав чувство и дека нема така да биде. Би сакал да му се заблагодарам на тимот за сé што направи. Дојдовме во Сингапур знаејќи дека тоа е тешка патека за нас. Тимот направи неверојатна работа и јас неможам да опишам колку сум среќен што утре ќе започнам од првата стартна позиција“.

Подобрувањата кои ги споменува Леклерк се однесуваат на подот и предното крило на болидот.

Loading...