Одговорот на ова прашање не е лесен и може да се заснова исклучиво на досегашните перформанси и сознанија

Иднината не може точно да се предвиди, но може да се процени како одреден модел еволуирал со текот на времето и врз основа на тоа да се добие разумна индикација за трајност. Затоа тука не спаѓаат новите модели, кои треба прво да остварат релевантна километража, како и оние кои што се продаваат во неколку десетици примероци.

Consumer Reports е добро познат на јавноста по своите анализи за доверливост на автомобилите, а резултатите се засноваат на детални истражувања, вклучувајќи ги тука читателите на магазинот и посетителите на порталот. Што се однесува до анализата за која овде станува збор, Consumer Reports ги рангирал автомобилите врз основа на 17 потенцијални слаби точки оценувајќи ги од 1 до 5, при што тројка значи просечно издание. Резултатите се засноваат на процентот на учесници кои пријавиле проблеми поврзани со специфични механички и физички области, споредбено со просекот за сите возила за предметната моделна година.

Овде мора да се спомене дека електричните автомобили се помалку склони кон механички проблеми, од едноставна причина што користат електричен мотор со едно-степена трансмисија, со елиминација на бројни механички компоненти кои можат да се абат и да бараат замена – свеќички, вентили, издувен систем, колани, спојки, црева, катализатор, стартер … Се разбира, електричните автомобили имаат многу подвижни делови, вклучувајќи ги и системот за управување, системите за суспензија и кочење, како и многу електроника.

Батериите веќе се докажаа дека се многу издржливи, така што производителите се дарежливи со гаранциите во овој поглед.

Ова се петте најдоверливи електрични автомобили за 2019 година според Consumer Reports:

5. Hyundai Kona Electric / Kia Niro EV

Иако овие механички „близнаци“ допрва треба да ја докажат доверливоста во нив на долгорочен план, Consumer Reports предвидува дека секој од нив ќе постигне оцена 4. Оваа процена се базира на претходните модели на Hyundai и Kia, така што тие се позиционирани над просекот.

4. Nissan Leaf

Најпродаваниот електричен автомобил во светот, на пазарот е осум години, па затоа и проценката е полесна. Американското издание на моделот за потенцијална доверливост му дава оцена 3, што значи дека е индустриски просек. Сепак, јапонскиот модел има највисоки оценки во однос на сите важни „слаби точки“, при што постарите модели го намалуваат резултатот поради изолирани проблеми, вклучувајќи ги и оние со климатизација, бојата и електричната опрема.

3. Tesla Model 3

Иако Consumer Reports на tesla Model 3 му дава потенцијална „двојка“ од максимум пет, всушност има највисоки оценки за сите важни работи, вклучувајќи го погонот, управувањето, суспензијата и сопирачките. Натпросечна оценката има за тримот и бојата, како и за електрониката во возилото, додека просечната оценка се однесува за каросеријата.

2. BMW i3

Баварскиот модел, исто така, веќе извесно време е на патиштата, така што и во случајот со него има доста документација. Верзијата за 2014 беше оценета како просечна, додека наследниците имаат највисоки оцени за доверливост. Единствената област што не е совршено оценета во моделот за 2018 година е погонскиот систем, кој има оцена четири. Сопствениците на постарите модели пријавиле проблеми со електрониката во возилото.

1. Chevrolet Bolt EV

Севкупно, Chevrolet од Consumer Reports има највисок рејтинг, што не изненадува, бидејќи станува збор за домашен производ. Верзијата од 2018 година е оценета со максимална оценка во сите 17 потенцијални „слаби точки“, освен за интегритетот на каросерија која е оценета како просечна.