Пет интересни факти за пазарот на половни автомобили во 2021 година

Пазарот на автомобили рапидно се менува секоја година, но некои тенденции и популарни измами при продажбата на возила сè уште остануваат. Компанијата за дигитални бази на податоци carVertical го објави својот годишен извештај со статистика на оваа тема, во пет клучни точки.

  1. Најоштетен автомобил на пазарот е BMW

Статистиката за причинетата штета е уште поимпресивна: вкупната сума за штета по сите пријави е 3.282.580.416 евра. Она што е интересно е дека не сите возила биле подеднакво вклучени во сообраќајните несреќи.

BMW е на врвот на листата на оштетени возила! Дури 47,77% од сите возила на BMW претрпеле оштетувања во текот на нивниот животен век. 

Од друга страна, само 29,53% од возилата на Fiat се нашле во ситуација да бидат оштетени.

  1. Измамите со километражата сè уште се многу чести. Дури 18,5% од прегледаните возила имаат компромитиран одометар.

Според извештаите собрани во текот на годината, враќањето на километражата е меѓу најчестите начини на кои купувачите на автомобили се измамени. Во бројки, тоа се 7.112.444.874 вратени километри за сите проверени возила.

  1. Најчесто краден автомобил е Škoda Octavia

Во 2021 година, крадците продолжиле да крадат возила, а нечесните препродавачи продолжиле да ги продаваат истите. Најдобар начин да избегнете купување на украден автомобил е да ја проверите историјата на возилото.

Минатата година според извештаите се пријавени дури 672 украдени возила. Овие податоци откриваат дека меѓу нив најкраден автомобил е Škoda Octavia, 38 случаи.

Според извештаите, шансата да биде украдена Škoda Octavia е 3,75 пати поголема од, на пример, BMW Серија 3.

  1. Омилени автомобили во 2021: BMW, Volkswagen и Audi

Според податоците, BMW, Volkswagen и Audi се најпопуларни производители на автомобили. Вкупно, тие сочинуваат 13% од сите проверени возила на платформата. Поточно, BMW Серија 3 е најчестиот избор и сочинува речиси 5% од сите carVertical извештаи.

VW Passat и Audi A4 не заостануваат многу, додека моделите од други производители се пониско во топ 15.

Други популарни модели на автомобили на оваа листа се BMW Серија 5, VW Golf, Audi A6, Škoda Octavia, Mercedes-Benz E-класа, Opel Astra, Mercedes-Benz C-класа, Ford Focus, Audi A3, BMW X5, Škoda Superb и BMW Серија 1.

  1. Најстари од проверените модели на автомобили се BMW

Стари BMW-ња има повеќе од било кои други автомобили. Од проверените BMW модели во 2021 година, 40,38% се произведени помеѓу 1990 и 2010 година.Во меѓувреме, за VW и Audi, тие бројки се само 14,56% и 19,97%, соодветно. Тој процент е уште помал за производител како Citroen – само 10,92%.

Ако се сметаат само поновите возила, статистиката за BMW изгледа полошо. Дури 52,06% од BMW произведените модели по 2010 година се оштетени.

Во прилог линк од целиот carVertical ReDrive 2021 извештај доколку сте заинтересирани за други статистики, увиди и забавни тривијални податоци за изминатата година.

извор: Vrele Gume