Членот на Управниот одбор на BMW одговорен за развој, Клаус Фрехлих, вели дека баварската компанија нема намера да се откаже од дизелот во блиска иднина

Дизелите со години веќе се на лош глас, особено по избувнувањето на Dieselgate скандалот со Volkswagen, поради што многу производители се фокусираа на развој на бензинците и електрификација на своите модели.

Најновиот пример е германскиот Porsche, во кој одлучија дизелот комлетно да го исфрлат од својата гама на модели. Сепак, BMW нема слични намери, и од таму тврдат дека ги имаат најдобрите дизел мотори во понуда.

Но, додека четири и шест цилиндерските агрегати за сега имаат сигурна иднина, под знак прашање е најмоќната единица како онаа во M550d xDrive.

Овој 3.0-литарски quad-turbo се смета за најмоќнит шест-цилиндерски дизел во индустријата, но е загрозен поради построгите еколошки стандарди.

Затоа од BMW најавуваат дека дизел моторите би може да се сведат на поедноставен избор, па 3.0-литарската единица, наместо сингл, twin или quad конфигурација може да остане на само една.

Во меѓувреме, во BMW се уште не одлучиле дали ќе понудат дизел мотор со новиот X5 во САД, кој за сега е достапен само во бензинска варијанта xDrive 40i и xDrive 50i, додека plug-in хибридот се подготвува за 2021 година.