Fiat Chrysler Automobiles повлекува на сервисирање околу 18.000 Jeep Wrangler единици

Кај сите нив е утврден лошо заварување на рамката, кое може да доведе до откачување на предната оска. Ова ќе биде дури шестта интервенција за моделот за само една година.

Jeep Wrangler е најпродаван модел во САД, а од почетокот на годината, дилерите plasirale 190.951 единици на локалниот пазар. Тоа е за 27,2% повеќе од истиот период во 2017 година. Интресот за култниот теренец воглавно се должи на смената на генерации минатата година, со која моделот ја задржа рамната конструкција, но стана полесен, покомфорен и побезбеден.

Проблемите со квалитетот на производство сепак очигледно се сериозни, откако според податоците на Националната управа за безбедност на патишта на САД (NHTSA) за помалку од една година Wrangler од серијата JL веќе 5 пати го посетува сервисите. Претходните причини беа проблем во електричниот систем, лоша заварување во управувачкиот систем, дефект на темпоматот, корозија на рамот и проблем со автоматскиот менувач.

Сега на ред е шестта сервисна акција, повторно поради лошо заварување, што може да доведе до откачување на предната оска. Извесен сопственикот на SUV моделот направил и видео од кое може да се види проблемот и го пуштил на YouTube.

Во моментов се уште нема регистриран случај предизвикан од овој недостаток, но сепак од Fiat Chrysler Automobiles наредиле дилерите да ја запрат продажбата на новата генерација на Wrangler, додека проблемот не биде целосно отстранет.

Loading...