Концептот на Peugeot, e-Legend, е еден од автомобилите кои привлече осебно големо внимание на Парискиот саем за автомобили, а францускиот производител експлицитно не ја отфрли можноста за сериско производство

Патот до производтвените линии е долг, особено ако се земат во предвид моменталните трендови на пазарот, каде што клиентите првенствено се свртуваат кон кросовер и SUV моделите.

Сепак, од Peugeot, јасно ставија до знаење што е потребно e-Legend да влезе во производство, а тоа е 500.000 заинтересирани купувачи.

Ова јавно го обави директорот на компанијата Жан-Филип Императо. Заинтересираните набрзо започнаа петиција, а досега е потпишана од повеќе од 30.000 луѓе.

Ако сакате да помогнете со доаѓањето на сериска верзија на моделот e-Legend, можете да лично да се потпишете на петицијата.

Loading...