Владата на САД сака да го намали увозот на автомобили од Германија со зголемување на производството на германски автомобили во своите фабрики

Во моментов, САД, чиј претседател Доналд Трамп води трговска војна со Кина, но исто така и со остатокот од светот со цел да го врати производството во земјата и да го намали увозот, има трговски дефицит со Германија во автомобилската индустрија од 30 милијарди долари, што е речиси половина од вкупниот трговски дефицит со Европа (65 милијарди долари).

„Целта е да се намали дефицитот, се надеваме дека ќе го зголемиме производството во САД“, вели државниот секретар за трговија, Вилбур Рос.

Челниците на групацијата Volkswagen, Daimler и BMW ја прифатија поканата да се состанат со администрацијата на Трамп и ќе се обидат да го лимитираат САД дополнително да ги зголеми тарифите на увезени автомобили од Европа, а кои би можеле да одат до 25% на возила во вредност од една милијарда долари годишно.

BMW веќе со години ги произведува своите SUV модели во Спартанбург, Јужна Каролина, а планира да стартува и погон за производство на мотори и менувачи.

Од друга страна, групата VW ја разгледува можноста за потенцијални локации во Северна Америка за производство на електрични автомобили, кои ќе бидат во фокусот на гигантот од Волфсбург во следната деценија.

VW минатиот месец најави инвестиции во вредност од 1,2 милијарди евра во најголемата фабрика за електрични автомобили во Европа која ќе биде лоцирана во Цвикау, во источниот дел на земјата.

Освен во овој погон, VW ќе произведува EV автомобили, а планира 330.000 годишно само во Цвикау, и во две фабрики во Кина.

VW во САД има само една фабрика во Чатануга, која е прв избор за EV погон во Северна Америка, а одлуката ќе биде донесена во следните неколку недели.

Volkswagen поседува производствена мрежа од околу 120 фабрики.