Пред неколку месеци е најавен електричен SUV од Ford на основа на Mustang, кој ќе го носи името Мах 1, но во меѓувреме очигледно дошло до некои промени

Во Ford поради лошата реакција одлучиле дека на моделот кој ќе се фокусира на перформанси и покрај еколошки чистиот погон му треба поатрактивно име. Затоа, кон крајот на ноември, Ford поднел барање за заштита на правата над имињата Мах Е.

Компанијата официјално не го потврдува ова, но портпаролот вели дека резервацијата на името е да се заштити идеја, иако тоа нужно не значи нов бизнис план и производ.

Ford не открива многу за моделот кој е наречен со различни имиња дво кои доминираат зборовите „перформанси“, „електричен“, „батерија“, но скицата укажува на карактеристики на кросовер со масивни браници, агресивни линии и светла кои потсетуваат на Mustang.

Се очекува електричниот SUV на Ford на пазарот да пристигне во 2020 година со автономија од околу 500 километри.

Долгорочниот план на Ford е 16 нови електрични модели до 2022 година, вклучувајќи и 24 електрифицирани верзии меѓу кои ќе бидат хибриден Mustang и Lincoln Aviator Grand Touring.