Редакцијата на најстариот автомобилски магазин во светот повторно ја ажурираше листата на најубави возила во историјата на индустријата.

Рака на срце, листата е многу подолга и се состои од дури стотина модели, но самиот врв е оној што е најинтересен. Убавината е во окото на гледачот, па ваквите списоци сè уште се крајно субјективни. Дополнително, јавна тајна е дека британските новинари не се склони да ја критикуваат домашната автомобилска индустрија, како во областа на доверливоста и механиката, така и во областа на дизајнот.

Сепак, како изгледа листата?! За редакцијата на Autocar најубав автомобил на сите времиња е Jaguar E-Type! Зад него се Lamborghini Miura и Ferrari 250 GTO SWB.

Ова е редоследот составен од британските новинари:

  1. Jaguar E-Type
  2. Lamborghini Miura
  3. Ferrari 250 GTO SWB
  4. Ferrari 288 GTO
  5. Porsche 911 (од 1963 година)
  6. Alfa Romeo 8C 2900
  7. AC Cobra 289
  8. Aston Martin DB4 GT Zagato
  9. Aston Martin Vanquish
  10. Mercedes 300 SL Gullwing