Овој германски медиум презентираше податоци за моќноста на погонските единици за оваа сезона

Од воведувањето на хибридната ера во Formula 1, Mercedes e целосно доминантен на ова поле, додека позицијата на другите производители се менува во зависност од самата форма. Ferrari долго беше најблизу до германскиот тим, но секогаш имаше одредено заостанување, пред сè во квалификациите. Сепак, од крајот на минатата сезона и моментот кога FIA им нареди да ја изменат својата погонска единица, италијанскиот тим одеднаш ја загуби целата своја моќ. Оттогаш, екипата од Маранело можеше да одговара само на Renault и Honda, но овие две компании успеаја да направат чекор напред во текот на зимата, додека Ferrari не.

Според Auto Moto und Sport, Renault сега е на второто место во однос на моќноста на моторот со 25 коњски сили помалку од Mercedes, додека Honda заостанува за 30 коњски сили. Што се однесува до Феррари, според овие наводи, тие заостануваат околу 50 коњски сили. Оваа анализа е направена врз основа на „силните сектори“ на патека, каде возачите користат целосна моќност на моторот, иако и ефектот од аеродинамиката треба да биде вклучен во оваа пресметка.

Loading...