![Американците ги избраа најдобрите премиум автомобили](https://dodajgas.mk/wp-content/uploads/2019/04/why-kei-51455.jpg)
Американците ги избраа најдобрите премиум автомобили
Рангирањето по сегменти го направи американскиот Consumer Reports
Изборот на нов автомобил никогаш не е лесен. Особено ако сте подготвени да потрошите голема сума пари. Успешното купување е секогаш придружено со детална анализа, споредби, внимателно проучување на техничките спецификации. Дури и премиум моделите, кои се значително поскапи од оние за широките народни маси, не секогаш ги исполнуваат очекувањата.
Затоа тука е изборот на американскиот Consumer Reports за да помогне – најдобрите осум премиум автомобили во различни класи. Како и секогаш, рангирањето е врз основа на голем број информации – бројни тестови, доверливост, проценка на задоволството на сопствениците и безбедноста на возилото.