Кога купувате автомобил, внимавајте на бојата! Од тоа ви зависи цената за препродажба
Добро избраната боја на каросеријата може да ви донесе повеќе пари на пазарот за автомобили од втора рака
Новата студија на iSeeCars ги идентификува боите на автомобилите кои овозможуваат значително повисока цена од просечната при препродажба на истиот. Во пракса, ова е упатство за оние сопственици на автомобили за кои бојата не е особено важна, но последователните придобивки се важни.
Експертите на ISeeCars анализирале над 4 милиони возила од различни типови и врз основа на тоа извлекле заклучотк кои бои ќе ја намалат или зголемат вредноста на вашиот автомобил кога ќе одлучите да го продадете.
Беж: -24,3%
Дефинитивно најлош избор на боја ако станува збор за препродажба. Ваков автомобил ќе ви донесе голема загуба при препродажба.
Црна: -4,4%
Црните автомобили се омилени на многумина, но при препродажба, купувачите ги избегнуваат и затоа нивната вредност е помала.
Синa: -2,7%
Сината боја е убава, но широко распространета, што ја кочница за повисока цена. Овде ќе биде потребен попуст.
Кафена: -3.3%
Со оваа боја на каросеријата при препродажба, најверојатно ќе треба да ја намалите цената.
Златна: -15,8%
Автомобилите од оваа боја не се ефтини, но на пазарот од втора рака тие чинат значително помалку од моделите со други бои.
Сива: -2,8%
Малку е веројатно да се привлечат купувачи. Напротив, возилата со оваа боја обично се поевтини од другите.
Портокалова: + 20,4%
За портокаловата боја, луѓето се подготвени да дадат повеќе, или околу 20 проценти над просекот на пазарот.
Розова: -1%
За розови автомобили, обично сонуваат девојките, но побарувачката при препродажба не е голема. „Барби“ автомобилите се поевтини од просечната цена при препродажба.
Црвено: -5,4%
Изненадувачки, кога се препродаваат, црвените автомобили се поевтини од просекот.
Сребрена: -13,7%
Сребренета е една од оние бои за кои попустот при препродажба е сериозен.
Тиркизна: + 4,4%
Тиркизната боја или сино-зелена, воопшто не е вообичаена. За ваков автомобил секогаш се плаќа повеќе.
Виолетова: + 14,9%
Ретка боја за која фановите на необични бои се подготвени да платат повеќе.
Бела: + 3,5%
Изненадувачки, белата одеднаш е на списокот автомобили со поповолна цена при препродажба.
Жолта: + 1,9%
Жолтиот автомобил секогаш привлекува внимание, но при препродажба тоа и не е баш така кога станува збор за цената.
Зелена: + 2,9%
Зелената е исто така во листата на бои за кои купувачите даваат повисока просечна цена, иако како боја е честа појава.