Трендови: автомобилите во блиска иднина ќе бидат „вегански“
Јаглеродните влакна беа симбол на престиж кога станува збор за внатрешноста на возилото. Скапа контролна табла, тапацир на вратите, седишта обложени со напа кожа, сето ова е одлика на скапи спортски возила. Сепак, сега доаѓа време за билки
„Пред педесет години, кауч обложен со кожа беше врвен луксуз“, вели Масимо Фрезел, креативен директор на Land Rover, кој воедно е веган. „Сега, во најдобрите хотели и најлуксузните домови, тоа веќе го нема. Сличен процес е во тек и кај автомобилите. Прогресот и одржливиот дизајн претставуваат основа за промени“.
Фрас беше во Менхетен на Салонот за автомобили во Њујорк минатиот месец, кога лично ја претстави новата линија на чисто растителни материјали, развиени за Range Rover Evoque, Range Rover Velar и Jaguar I-Pace.
„Бројот на клиенти кои се заинтересирани за потеклото на текстилот и материјалите во возилата е во пораст“, вели тој.
Новите типови на ентериери се дизајнирани да ги привлечат тие клиенти, чиј концепт на луксуз е во согласност со нивните еколошки уверувања. На пример, за Eukaliptus Melange, текстил произведен од влакна од еукалиптус, се користи многу помалку вода отколку што тоа е случај со алкантара, а може да биде обоен во било која боја од спектарот. Тука е и издржливата волнена мешавина на компанијата Kvadrat, која е како мек волен џемпер.
Dinamica Suedecloth е исклучително издржлив микрофибер материјал кој е отпорен на оган, а е имитација на антилоп, и е направен од рециклирани пластични шишиња. Во просек, 53 шишиња по возило, велат во Land Rover.
И други производители исто така обрнуваат внимание на „екологијата“ на ентериерот. Volvo планира да има најмалку 25 проценти пластика од рециклирани материјали во возилата кои ќе бидат лансирани до 2025 година. Денес, веќе има околу пет проценти. Во февруари, филијалата Polestar на Volvo објави дека Polestar 2 ќе има вегански ентериер.
Toyota произведува материјал за полнење на седиштата кој користи гликол добиен од обновлива шеќерна трска, наместо гликол добиен од нафта. Hyundai користи површински вулкански карпи за поддршка на столбовите, додека Ford има развиено пена за седишта од соја. Faraday Future има експериментирано со камени влакна и памук од фрлена облека.
Во денешниот свет со брзо темпо на живеење во кој се возат SUV автомобили од 200.000 евра и „шест-цифрени“ хибриди, сосема е логично клиентите да бараат ентериери, кои се меки, удобни и издржливи, но исто така и еколошки.
„Ова е дел од поголем глобален тренд, кој постојано расте”, вели Филип Брабек, потпретседател на Audi за менаџмент со производи. „Станува збор за подигнување на свеста за животната средина на потрошувачите, како и обрнување внимание на животната средина во која живееме и како и што јадеме“.
Само на синтетичка кожа ќе се однесува обрт од околу 45 милијарди долари до 2025 година, вели консултантска компанија Grand View Research, со тоа што се предвидува дека примената на обновливите текстили во автомобилската индустрија ќе биде втора по големина по индустријата за мебел. Клучните синтагми во новонастанатиот амбиент се „одговорни извори“ и „премиум алтернативи“.
Audi има развиено одржливи материјали без емисии на јаглероден диоксид за своите електрични модели. Седиштата во Q4 e-tron SUV се направени од рециклирана пластика, а e-tron GT нуди внатрешни опции, кои вклучуваат синтетичка кожа и рециклирани микрофибер материјали, вклучувајќи и тепих направен од искористени рибарски мрежи. Целиот автомобил е – вегански.
Што се однесува до концептот Aicon, Audi претстави навлаки за седишта изработени од Climatex, двослојно влакно со полиестерски горен дел и чиста волна подолу. Овој материјал е развиена на таков начин што слоевите може да се одделат според видот и да се рециклираат на крајот од животниот век на возилото. Иако нема да влезат во сериско производство, таквите решенија сугерираат до кој степен Audi гледа далеку во иднината кога станува збор за внатрешноста.
„Имаме интересни пионерски решенија“, вели Брабек. „Ова го гледаме како одлична можност за нас и постојано работиме на развивање на дополнителни работи“.
Ова не значи дека има помалку работа во „старомодниот“ свет на делови изработнени од орев и животински кожи. Bentley на пример.
Сепак, Land Rover предосеќа промени од многу поголем обем кога станува збор за вкусот на клиентите. Воведувањето на „еколошки“ текстил во Evoque, најпродаваниот модел на брендот во Европа, има за цел да ги направи производите на Land Rover попрестижни. Фрејзер вели дека новите материјали не носат повисока цена од традиционалните текстилни производи.