Полицијата во Германија „уапси“ 120 спортски автомобили / ВИДЕО
Учесниците во Eurorally користеле локални магистрали кои се без ограничувања за брзина
Германската полиција задржала 120 спортски автомобили, за кои се претпоставува дека учествувале во патничка трка, која поминува низ голем дел од Европа. Автомобилите од марките Porsche, Lamborghini, Audi, BMW и други, се запрени во четвртокот вечерта на автопатот A20 во североисточниот дел на земјата.
Овој автопат е без ограничување на максималната брзина. Загрижени возачи се јавиле во полицијата и пријавиле дека по него се движат автомобили со над 250 km/h. Повеќето од возилата биле со норвешкиот броеви, а биле излепени со налепници на трката во која учествуваат – Eurorally.
Според сајтот на трката, учеството чини до 799 евра, а се состои од 4 фази. Првата фаза е од Осло (Норвешка) до Прага (Чешка). Втората фаза е од Кил (Германија) до Шчечин (Полска), кога е прекинато од полицијата.
Организаторите на Eurorally тврдат дека тоа не е натпревар, туку „настан за автомобилски ентузијасти“. На крајот од секоја фаза учесниците учествуваат на забави, а најголемата е по финалето во Прага. Тогаш ќе бидат наградени и победниците во различни класи.
Од германската полиција соопштија дека започнале истрага дали настанот може да биде квалификуван како „нелегална трката“. Во земјата се во тек масовни проверки за нелегални улични трки со автомобили, а веќе неколку луѓе се уапсени, додека автомобилите им се конфискувани.