Групата PSA нема ништо против спојување со Jaguar Land Rover (JLR)
Првиот човек на PSA, Карлос Таварез изјави дека би разгледал опциите припјување па дури и спојување со британскиот производител Jaguar Land Rover, се додека тој акт нема да го наруши работењето на француската групација
Таварез веќе има давано изјави за својата отвореност кон ширење на влијанието на групата PSA во која во моментов се следните брендови: Citroën, DS, Peugeot и Vauxhall/Opel. Познато е дека Opel беше купен од General Motors за време на владеењето на истиот менаџер, односно во 2017 година.
Во ексклузивно интервју со познатиот шеф во автомобилската индустрија индиското издание на Autocar, запрашан за гласините во врска со неговиот интерес за деловна комбинација со компанијата Jaguar Land Rover, која е во сопственост на индиската група Tata Motors, тој вели дека би било добро за француската страна да стане сопственик на еден луксузен бренд, и дека неговата компанија ги разгледува сите опции за ваков епилог“, како и тој самиот, но се додека тоа не е пречка за тековните деловни активности.
Сепак, Таварез истакнува дека немало дискусија за ова со индиската страна, барем не засега. Тој изјави дека „иако PSA нема одредена цел во однос на аквизицијата, но сигурно ќе ги разгледа опциите ако дојдат“.
Запрашан за можниот однос на новиот луксузен бренд во портфолиото на францускиот конгломерат и веќе воспоставениот бренд DS, Таварез вели:
„Зошто да не? Мислам, зошто да не зборуваме за тоа? Тоа зависи од тоа каква вредност би можеле да создадеме во таква деловна комбинација“.
Jaguar Land Rover се соочува со сериозни тешкотии во работењето последниве неколку месеци, а особено е погоден од падот на побарувачката за дизел, како и општиот пад на продажбата на кинескиот пазар. Неодамнешните загуби на британската компанија ја вовеле дури и матичната група Тата во квартална загуба.
Таварез се повикува на успехот на групата PSA во изминатите две децении од загубарот Opel да направи профитабилна компанија, што укажува на тоа дека истото може да се случи и со JLR ако случајно ја добие диригентската палка.
„Ние ja демонстриравме, во случајот на Opel, нашата моќ да ја преобразиме компанијата која со децении работи со загуби во профитабилна компанија, и тоа за само 12 месеци. Тоа е нешто што дефинитивно го знаеме“.
Од друга страна, Tata Motors за медиумите, дал изјава во која се вели дека Jaguar Land Rover не е за продажба. „Не постои вистина во шпекулациите дека Tata Motors сака да го отуѓи својот удел во капиталот на JLR.