Одлуката на производителот од Шведска да ја ограничи максималната брзина на своите автомобили до 180 km / h во иднина наиде на критики од конкуренцијата

Volvo го воведува ова ограничување со цел да се намали бројот на сообраќајни незгоди кои се предизвикани со непримерна брзина на возење.

Сепак, од редовите на Volkswagen, Mercedes, BMW и PSA сметаат дека зад оваа идеја на Volvo не се само за безбедносни причини, туку и некои по малку идеалистички причини.

Така, VW тврди дека високата брзина не е проблем сама по себе, туку неприлагодената брзина. Германскиот гигант вели дека несреќи се случуваат и при помали брзини. Од Волфсбург, наместо ограничување на максималната брзина, веруваат дека ограничувањата треба да се применуваат прецизно од страна на возачите. На пример, на делници кои се особено познати по несреќи или привремено поради неповолни временски услови, сообраќајни метежи и слично.

Еден високо позициониран техничар во Mercedes вели дека ограничувањето на максимално дозволената брзина ќе ги намали трошоци за развој на нивните модели, бидејќи тогаш не треба да се грижат за големото оптоварување при максимална брзина. Пред сè, тука се мисли на системите за кочење, кои мора да бидат ефикасни при екстремно високи брзини.

Од BMW велат дека ограничувањето на максималната брзина е погрешен сигнал, што е и очекувана порака од производител чие мото е „радост од возењето“. Баварците тврдат дека нивните автомобили се конструирани така да функционираат беспрекорно и при максимално оптоварување со цел да може, на пример, да се вози без проблеми и на тешки ридски свиоци.

Во меѓувреме, шефот на француската група PSA, Карлос Таварес, нагласува едно од основните човекови права – слобода.

„Како граѓанин на овој регион, верувам дека една од предностите на Европа е разновидноста како и креативност која се создава од слободата“, вели Tavares и индиректно го „повикува“ Volvo, „Се прашувате ли дали можеби оваа одлука се должи на фактот дека производите не може да направат некои работи?“

Volvo одамна се откажа од спортските R модели и 8-цилиндерските мотори. Кој сака сурова моќ нема што да бара кај шведскиот производител, бидејќи нуди само 3 и 4-цилиндерски агрегати.