Деби за маскираната Toyota Supra на Goodwood Festival of Speed 2018 / ВИДЕО
Новата Toyota Supra го имаште своети деби пред публиката на тековниот Goodwood Festival of Speed 2018, кој се одржува во Велика Британија овој викенд
Како што беше најавено, Toyota се појави со предпродукциско издание на новата Suprа која за настапот во Goodwood е интересно камуфлирана и со фабричка ознака A90, а публиката имаше можност да чуе како звучи и како се однесува на патеката.
Како што е веќе познато, новата Supra е создадена во соработка со BMW. Двете компании се договорија да развијат два нови модели, Toyota Supra и BMW Z4, со цел намалување на трошоците.
Така, Supra и Z4 ќе ја делат механичката основа, а се очекува дека јапонскиот модел ќе добие и погонската единица од BMW.
Се претпоставува дека под хаубата на новата Supra се наоѓа 3.0-литарски TwinPower Turbo со 6 цилиндри, кој испорачува 340 КС и 250 Nm максимален вртежен момент. Тоа треба да биде доволно автомобилот со тежина од околу 1,5 тон од место до стотка да забрзува за 3,8 секунди.
Покрај овој мотор, во понудата ќе биде вклучена и основна верзија, за кој се верува дека ќе биде 4-цилиндерски 2.0 турбо бензински мотор со 250 КС (185 kW).
Датумот на официјалната светска премиера на новата Supra е непознат, но се очекува да биде до крајот на годината. Почетната цена на автомобилот во САД ќе изнесува 63.500 долари.