
Dacia како Volkswagen, Porsche или Toyotа – модели кои губат најмалку од вредноста
Кога купувате автомобил, добро е однапред да размислите за неговата понатамошна продажба
Кои се моделите кои особено се истакнуваат на пазарот на половни автомобили. Експертите избрале нови автомобили кои губат најмалку вредност по неколку годишна употреба.
Ако клучниот критериум е најниската можна загуба на вредност, во Германија се смета дека најдобро е парите да се инвестираат во нова Dacia Sandero Stepway. Податоците велат дека 4 години по купувањето, романскиот автомобил губи најмалку на вредност не само во својата класа, туку и во споредба со конкурентите од другите сегменти. На скалата подготвена од Auto Bild заедно со експерти за истражување на пазарот, Dacia Sandero е пред ривали како што се: Hyundai i10, Volkswagen Golf 8, Škoda Superb или Porsche 911.
Автомобили кои губат најмалку на вредност – истражување на Auto Bild
Категорија | Модел | Вредност по 4 години (%) |
Електрични автомобили (до 40.000 EUR) | Mini Cooper SE | 59,63 |
Електрични автомобили (преку 40.000 EUR) | Tesla Model S LR | 61,24 |
Мини автомобили | Hyundai i10 1.2 | 56,86 |
Мали автомобили | Dacia Sandero Stepway TCe 90 | 66.02 |
Компакти | Volkswagen Golf 1.5 TSI | 53,73 |
Средна класа | Škoda Superb Estate 2.0 TSI 4×4 DSG | 49,81 |
Висока класа | BMW 540i xDrive | 44,44 |
Луксузна класа | Mercedes S400d 4Matic L 9G-Tronic | 48,62 |
Спортски автомобили | Porsche 911 Carrera 4S PDK | 57,95 |
Доставни ванови / автобуси | Mercedes V300d 4Matic | 56,44 |
Мали SUV модели | Mazda CX-30 e-Skyactiv G 2.0 M Hybrid | 57,50 |
Компактни SUV модели | Toyota RAV4 2.5 4×2 Hybrid | 57,78 |
Големи SUV модели | Range Rover Sport P400 3.0 | 50,11 |
Горенаведениот редослед, сепак, не значи дека по 4 години купување, секој од наградените автомобили ќе биде подеднакво добро перцепиран на пазарот на половни автомобили. Сепак се зависи од дадениот примерок. Прогнозата претпоставува типична километража за одреден сегмент. Покрај тоа, во предвид се земени одредени верзии на моторот и опремата (во пракса, моделите со подобра опрема се разликуваат). Но тоа не е се. Текстот е ограничен на тврдењето дека неколку стотици различни фактори биле земени предвид при проценката на преостанатата вредност.
Но не е само Dacia таа која има причина да слави кога станува збор за овогодинешното рангирање. Авторите на извештајот ја посочуваат и двојната награда за Mercedes (Ѕ и V класата како лидери во своите сегменти).
Авторите на извештајот посочуваат и нешто друго. Во 2021 година доминираат модели со бензински мотори. Дизелот е најдобро оценет само во класите на луксузни автомобили и ванови. Затоа, не е тешко да се заклучи дека инвестирањето во нов дизел не секогаш е добра идеја, ако се размислува за идна препродажба.