Германската организација Tüv Süd, која се занимава со сертификација и инспекции, дава неколку интересни совети за штедливо возење. Некои ги знаете, а некои можеби не

За да заштедите гориво, префрлете во поголема брзина при 2000 вртежи во минута. Многу возачи имаат потреба да останат во пониска брзина, но веќе со 50 km/h можете да бидете во четврта брзина, а во зависност од преносниот однос на менувачот и видот на моторот (турбодизел, турбобензинец …) можеби дури и во петта. Потрошувачката на гориво се намалува за дури педесет проценти ако сте во четврта брзина, а не втора со таква брзина. Новите автоматски менувачи го оптимизираат односот на брзините, но со рачните менувачи ќе треба да изберете.

Кога ќе видите црвено светло на семафор, тргнете ја ногата од гас и полека приближете се до семафорот. Не притискајте ја педалата за гас до последен момент, а потоа стиснете ја сопирачката.

Не возете побрзо од 130 km/h на автопатот. Често поради природата на сообраќајот, постојаното сопирање и забрзување, временските придобивки се минимални и потрошувачката на гориво се зголемува.

Ослободете се од непотребниот товар, или работи во автомобилот кои ја зголемуваат тежината. Дополнителни 100 килограми во возилото ја зголемуваат потрошувачката за 0,3 литри. Истото важи и за додатоците како што се кровните кутии и држачи за велосипеди, кои ја нарушуваат аеродинамиката на автомобилите и ја зголемуваат потрошувачката на гориво.

Конечно, 0,2 бари помалку притисок во гумите ја зголемува потрошувачката на гориво за дури десет проценти.