Шпански АС: Фетел можеби ќе оди во Mercedes или McLaren
Германскиот ас, покрај можноста да остане во Маранело, можеби ќе има и друга алтернатива
Според пишувањето на La Gazetta dello Sport, Ferrari на Фетел му понудил едногодишен договор кој на Германецот воопшто не му се допаднал. Сега, според италијански извори, иако преговорите не се прекинати, екипата од Маранело веќе има подготвено список со потенцијални замени, па така, лесно може да се случи возачот од Хепенхајм да бара нова средина.
Фетел сигурно би бил интересна опција за другите екипи, па шпанскиот весник АЅ наведува дека Mercedes и McLaren се најзаинтересирани за неговите услуги. Германскиот тим на тој начин повторно би имал Германец во својот болид користејќи германски мотори, а на тимот од Вокинг пак му треба некое искусно лице. Според овој извор, парите нема да бидат голем проблем за Фетел, но како што било досегашна практика, тој сака долгорочен договор.