Ferrari вели дека нема да прифати понатамошнo намалување на буџетите и покрај притисокот за намалување на трошоците

Со разговорите кои треба да продолжат оваа недела помеѓу тимовите, FIA и Liberty Мedia за намалување на на нивото на ограничени трошоци кое стапува на сила следната година, Биното јасно става до знаење дека Ferrari не поддржува драматични кратења.

Оригиналното ниво од 175 милиони американски долари поставено пред пандемијата на коронавирус беше прифатено како превисоко и имаше консензус за спуштање на околу 150 милиони американски долари. Сепак, минатата недела се случија неколку потези кои подразбираат уште подраматични кратења, што не им оди во прилог на големите тимови бидејќи тоа ќе ги присили значително да ги намалат работните места. Една од дискутираните идеи беше спуштање на нивото на 145 милиони долари следната година, а потоа и на 130 милиони долари во 2022 година – но овој предлог не доби едногласно одобрување.

Сега, Биното посочува дека 145 милиони долари е минимум што Ferrari може да го прифати, а ако границата е пониска, тоа би можело да го присили неговиот тим да ангажира персонал во други тркачки серии – нешто што не сака да се случи.

Ferrari фаворизира решение кое се состои од две категории, со кое на тимовите на производители или на оние кои обезбедуваат делови би им е дозволено да трошат повеќе од другите тимови. Тоа е идеја која не добила универзална поддршка. McLaren фаворизира ограничување на буџетите на само 100 милиони долари и се плаши дека било што друго може да го загрози постоењето на тимовите.

„Доколку сегашната вонредна состојба го доведе во прашање постоењето на некои наши конкуренти, што би барало ревидирање на нашите планови, тогаш Ferrari би бил отворен за натамошни намалувања. Тоа не е страшна работа, имајќи предвид дека веќе се случувало во Formula 1, а се случува и денес во серии како што е MotoGP“, вели Биното.

Биното смета дека постои опасност за Formula 1 ако се оди пребрзо кон екстремно намалување на трошоците:

„Свесни дека Formula 1 и целиот свет минуваат низ особено тежок период заради пандемијата со Covid-19. Сепак, ова не е време за брзање, бидејќи постои ризик од донесување на одлуки во вонредна состојба без јасна проценка на сите последици“.

На ваквото размислување веднаш се спротивстави McLaren. Главниот извршен директор Зак Браун вели дека аргументите на Ferrari „не држат вода“.

„Сега сме во таква ситуација да ако Formula 1 продолжи со своите стари навики, постои голема опасност Formula 1 воопшто да има иднина. Ако размислуваме напред и останеме во чекор со времето, не само што можеме да го преживееме она што се случува сега, туку мислам дека спортот може да напредува и сите ќе профитираме. Јас секогаш сум за добра и здрава дебата, но мислам дека коментарите кои доаѓаат „не држат вода“. Тие се контрадикторни и не ја отсликуваат прецизно нашата реалност“.

Првиот човек не смета дека со кратење на буџетот на тимовите, Formula 1 би го изгубила статусот на елитно автомобилско тркање, а не се согласува ниту со изјавата дека не се сите екипи во натпреварувањето поради профит.

„За жал, нема многу тимови, доколку ги има, кои заработуваат. Многумина со тркањето додаваат вредност на нивните други бизниси, без разлика дали тоа е производство на пијалоци или патнички автомобили“, вели Браун.

На повикот на Биното да не се носат избрзани одлуки без јасна визија за последиците, Зак Браун вели:

„Речиси и не знам што да кажам за тоа. Мислам дека сите признаваме дека во овие времиња минуваме низ најголемата криза која светот ја видел. Државите се затвораат. Индустриите се гасат, а да не се реагира на она што се случува, мислам дека е критична грешка. Тоа е живеење во негирање“.

Секако ќе биде многу интересно да се следи развојот на оваа приказна во наредните недели. Се чини дека тимовите се сериозно оддалечени на своите позиции. Ова не е прв пат Ferrari да поставува услови на овој начин и на некој начин да се заканува со напуштање на Ф1 ако не е по нивно.

„Не би сакал да го напуштат спортот. Не би сакал да видам заминување на кој било тим од спортот и секако никој не сака вакво нешто да се случи. Сепак, мислам дека спортот може да преживее со 18 болиди на гридот и мислам дека некој друг производител на мотори може да влезе и да ги снабдува двата тима кои користат мотори на Ferrari“, вели извршниот директор на McLaren.