Од Alfa Romeo до Volkswagen, ова се 15 возила кои заминуваат во историјата

Во зависност од сегментот, животниот циклус на едно возило обично е прилично краток. Повеќето компании обично по пет години од лансирање на моделите прават освежување односно рестилизација на нивните автомобили, со надеж дека тие можат да го одржат продажниот успех барем уште неколку години. Но, во многу случаи, единствениот одговор е целосно укинување на моделот.

Ова се 15-те автомобили, камионети и SUV модели кои спаѓаат во оваа втора група. Наместо да направат нешто со што би го обновиле интересот за нив, компаниите како на пример Cadillac, Ford и Volkswagen одлучиле дека вложувањето време и пари во овие модели е неоправдано . За овие простори, некои и не ги познаваме многу, некои од нив бргу ќе бидат заборавени, но искRenault, има и такви кои тешко ќе бидат прежалени.

Alfa Romeo 4C Coupe

Со враќањето на Alfa во САД, 4C воодушеви со прекрасниот профил и перформанси. Под капакот на моторот се наоѓа 4-цилиндерски мотор со турбо полнач од 237 коњски сили кој лесниот автомобил до „стотка“ го понесува за 4,2 секунди. Но, по само три години, Alfa Romeo го „убива“ спортското купе. За среќа, кабриолет верзијата на пазарот ќе остане присутна уште неколку години со некои мали модификации.

Cadillac ATS Sedan

Поради фабрички промени и опсежно преуредување на Техничкиот центар на General Motors во Ворен, Мичиген, Cadillac ATS Sedan ќе замине во историјата по моделот за 2018 година. Намерно велиме седан, бидејќи ATS Coupe ќе остане уште неколку години, веројатно со сите три опции за мотори: 2.0-литарски турбо со 272 КС и 295 Nm вртежен момент, 3.6-литарски V6 со 335 КС и 285 Nm вртежен момент и 3.6-литарски twin-turbo V6 со 464 КС и вртежен момент од 445 Nm вртежен момент.

Chevrolet City Express

Гасењето на производството на ванот City Express, General Motors го најави уште во јули. Ванот на Chevrolet на пазарот е присутен само неколку години, поточно од 2014 година, па затоа многу и нема да недостасува. За разлика од Nissan NV200 со кој ја дели својата платформа, Chevrolet City Express не е ни блиску до продажниот успех  како неговиот јапонски колега (од неговото деби досега продадени се само 30.000 примероци).

Chevrolet Cruze

По десет години на пазарот, Chevrolet го укинува Cruze. По лансирањето, компактниот автомобил влезе во продажна трка со конкурентите како на пример Honda Civic, а до 2015 година моделот има продажба од повеќе од 3,5 милиони примероци. Но, со појавата на се повеќе кросовери и SUV модели, продажбата опаѓа драстично, па токму затоа Американците Cruze го праќаат на заслужен одмор. Барем засега.

Chevrolet Volt

Како и Cruze, Chevy Volt имаше одлично влијание на пазарот кога дебитираше во 2010 година. Моделот беше еден од првите хибриди од ваков тип и имаше одлична продажба во првите неколку години од производството. По освежувањето на втората генерација во 2016 година и рекордна продажба од 100.000 примероци истата година, продажбата паѓа континуирано, што беше знак GM да го повлече од понудата.

Ford C-Max Hybrid/Energi

Ford C-Max во Европа се појави во 2003-та година, а во САД во 2012-та година. Сепак во годините што следеа, моделот никогаш не стана best buy хибрид во САД како што се надеваа во Синиот овал. По шест години прилично лоша продажба – нешто над 6.600 примероци во САД за оваа година – моделот, заедно со други Ford автомобили заминува во историјата.

Ford Fiesta

Како и Focus, Fiesta стана жртва на анти-автомобилската агенда на Ford во САД. Малиот хеџбек се појави во 2011 година и имаше топол прием. По освежувањето во 2013 година, Ford до ентузијастите ja испорача спортскaта ST варијанта. Сега, по само седум години во САД, моделот заминува во историјата. За среќа, моделот сеуште ќе биде достапен за купувачите во Европа.

Ford Focus

Со еден удар, Ford ја уби целата своја автомобилска понуда (без Mustang). Focus, иако едно од најпродаваните возила во гамата на Синиот овал не остана имун. По 2018 година, Ford Focus ќе се нуди исклучиво во Европа, во верзија со четири и пет врати.

Ford Taurus

Еден од најпознатите автомобили на Ford со статус на икона, заминува во историјата . По пет генерации и повеќе од 30 години на пазарот, моделот заминува во заслужена пензија. Континуираниот пад на продажбата во претходните четири години и нешто повеќе од 38.000 продадени примероци во САД, си го направија своето.

Lincoln MKT

Lincoln се обидува да ја обнови целата гама, а тоа значи дека некои модели мора да заминат од понудата. Еден од нив е Lincoln MKT кој го напушта пазарот засекогаш. На негово место доаѓа новитетот Aviator.

Lincoln MKX

Lincoln MKX не е мртов но е целосно преработен и преименуван. Моделот MKX местото во гамата на Lincoln го отстапува на речиси целосно новиот Nautilus.

Nissan Juke

Nissan Juke беше можеби премногу фанки за овој свет. Или барем за американскиот пазар. Моделот „умира“ во САД, но ќе живее во Европа. Моделот во САД дебитираше во 2011 година и на пазарот опстана само шест години.

Toyota Corolla iM

Како и iA, така и Toyota Corolla iM својот животен циклус го започна како продукт на Scion. Сега, со амблем на Toyota, моделот се гаси за да направи пат за целосно подобрениот Corolla хечбек. Моделот iM базиран на Auris, во САД дебитираше во 2014 година на салонот за автомобили во Лос Анџелес, но успеа да преживее само четири години.

Toyota Yaris iA*

Toyota всушност и не го „убива“ претходно Scion брендираниот Yaris iA. Наместо тоа, моделот базиран на Mazda седан го претвора во Yaris Sedan. Новиот Yaris Sedan нема да добие многу повеќе од промена на името.

Volkswagen Touareg

Како што VW ја обновува својата понуда со модели поставени на новата MQB платформа, Touareg со три реда седишта заминува во историјата. SUV моделот кој своето деби во САД го имаше во 2002 година, преживеа 16 години на американскиот пазар. Сега во САД се заменува со „пораснатиот“ Tiguan, но живее со сосема нов изглед во Европа.